1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Како ќе биде запаметена „Забивака“?

Антје Биндер
21 јуни 2018

Маскотите на фудбалските Мундијали треба да носат среќа и да ги претставуваат земјите-домаќини. Идејата е благородна, но понекогаш знаела да се врати и како бумеранг.

https://p.dw.com/p/300ae
Russland Fußball WM 2018 Maskottchen
Фотографија: picture-alliance/L. Perenyi

Маскотата на актуелното Светско првенство во фудбал во Русија се вика „Забивака“. Во слободен превод од руски тоа би значело нешто како „малиот голгетер". Забивака е сладок волк во фудбалски дрес. Во една анкета организирана меѓу руските граѓани во 2016. година, тој успеа да победи во битката против еден тигар и еден мачор за маскота на турнирот.

Според ФИФА, Забивака би требало да ја отелотворува забавната страна на фудбалот. И секако животното треба да поттикне продажбата на рекламниот материјал. Во градовите каде се игра првенството, волкот може да се види на секое ќоше.

Russland Fußballweltmeisterschaft Moskau 2018 - Vorbereitungen
Фотографија: Reuters/M. Shemetov

Како и на повеќето претходни Мундијали, маскотата и годинава е животно и има некаква врска со земјата-домаќин. Слично како и бразилската маскота Фулеко на претходното СП, или Закуми, леопардот со зелена боја од Мундијали во Јужна Африка, кој како и повеќето негови претходници беше заборавен набрзо по завршувањето на првенството.

Но, некои маскоти  во досегашната историја на СП во фудбал успеваа да предизвикаат и големи реакции. Какви? Откријте во следнава галерија: