1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Канкун мора да донесе резултати

29 ноември 2010

Пред една година во Копенхаген не беше постигнат договор за протокол за заштита на климата, кој би го заменил оној од Кјото. Сега погледите се вперени во Канкун и новата конференција која почнува денеска (29.11).

https://p.dw.com/p/QKvF

„Тоа не изгледа како да ќе се реши работата оваа година со еден удар. Но, одиме чекор по чекор. И во Канкун очекуваме конкретни мерки кои ќе придонесат за подобрување на подготовките за меѓународен договор“, рече германскиот министер за заштита на животната средина, Хорберт Ретген, по состанокот со шефицата на Обединетите нации за климатски прашања, Кристијана Фигерс. Ретген и Фигерс очекуваат дека ќе биде постигната согласност на сите во врска со финансирањето, редуцирањето на емисијата на штетни гасови и заштита на шумите.

Политички пречки

„Владите во Канкун мораат да се договорат околу мерките кои би овозможиле трансфер на технологии за подобра заштита на шумите. Исто така, ако е можно, би требало да се основа еден заеднички фонд за климата, за да се обезбеди долгорочно финансирање. Не можам да не забележам и дека се‘ уште постојат големи политички пречки“, вели Кристијана Фигерс.

Chefin des UN-Klimasekretariats Christiana Figueres
Кристијана ФигерсФотографија: picture-alliance/dpa

Големи разлики има се‘ уште меѓу научните сознанија и политичките понуди, кои во овој момент се наоѓаат на маса. Но, сите земји заедно се согласуваат околу две работи. Првата е: не постои земја која не е погодена од климатските промени, а втората: сите мораат да дадат гас во преговорите. Со оглед на тоа што времето е кратко и прозорецот за брза промена на курсот во борбата со климатските промени нема да остане долго отворен.

Кина напредува во намалувањето на емисијата на штетни гасови

Некои земји во националниот план отидоа многу подалеку отколку во преговорите, вели Фигерс и додава: „Мерките, кои поединечни земји ги спроведуваат на национално ниво, оставаат простор за надеж. Земјите не само што го сфаќаат сериозно намалувањето на емисиите на штетните гасови, туку тоа го спроведуваат низ националната политика и законите.“

08.06.2009 global 3000 globalzahl co2
Употребата на обновлива енергија во иднина ќе оствари економски раст, истовремено намалувајки ја емисијата на CO2

Пред сите е Кина, која во својот 12-ти по ред петгодишен план промовира развој на обновливи енергии, а токму употребата на обновлива енергија во иднина ќе оствари економски раст истовремено намалувајки ја емисијата на CO2. Дури и некои мали земји како Малдиви и Костарика, веќе развија планови како да ја намалат емисијата на CO2, а со тоа покажуваат дека е можно истовремено да се зголемува економскиот раст и да се биде пријател на климата.

Автор: Хеле Јепесен / Владимир Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска