1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Капетанот побрзал да избега од бродот што тоне!?

16 јануари 2012

По хаваријата на бродот „Коста Конкордија“ бред брегот на Тоскана се‘ повеќе докази укажуваат на грешка на капeтaнот на бродот. Во меѓувреме спасувачките екипи пронајдоа уште едно тело, што е шеста жртва во несреќата.

https://p.dw.com/p/13k8h
Уште трае потрагата по исчезнатитет патници на бродотФотографија: picture-alliance/dpa

Обвинувањата против капетанот на бродот „Коста Конкордија“ се се’ погласни. Луксузниот брод пловел премногу блиску до островот Џилјо и навлегол во опасна област, извести Европската асоцијација за бродови за крстарење во Висбаден, укажувајќи на податоците од навигацијата. „По овој курс не би смеело да се плови“. Според медиумски информации, капетанот Франческо Скетино пловел со луксузниот брод на само 150 метри од брегот. Очевидци од островот велат дека никогаш до сега не го виделе „Коста Конкордија“ да плови толку блиску до брегот.

Costa Concordia / Kapitän Francesco Schettino
Капетанот на бродот е во притворФотографија: dapd

Фирмата-сопственик на бродот со седиште во Џенова во меѓувреме се дистанцираше од капетанот на бродот и излезе со став: „Се чини дека командантот направил грешка во проценката, со тешки последици“. Истовремено претставник на фирмата „Коста“ изрази „длабоко жалење за трагичната несреќа“.

Капетанот Скентио напротив се изјасни дека бродот удрил во карпи кои не биле исцртани на морските карти. „Таква карпа воопшто не би требало да има таму“. Државното обвинителство веќе започна истрага против капетанот меѓу другото и поради сомнение за убиство од небрежност. Истрага се води и против првиот офицeр на бродот.

На 52- годишниот капетан му се префрлува дека бил на копно во моментот кога спасувачката акција била во полн ек. Адмиралот Иларионе дел Анда од италијанската крајбрежна служба вели дека капетанот бил повикан да ја изврши својата обврска и да се врати на бродот што тонеше:

Schiffsunglück Costa Concordia
Фотографија: REUTERS

„На бродот имаше уште луѓе, повеќепати го повикавме да се врати на бродот за да се осигура дека сите патници и членови на екипажот ќе бидат извлечени“.

Капетанот Скентио пак тврди дека до последен момент бил на бродот.

Луксузниот брод „Коста Конкордија“ со 4.200 патници и членови на екипажот во петокот вечерта се насука пред брегот на Тоскана, на почетокот на осумдневното крстарење по Средоземното Море. Специјалните сили на противпожарникарските единици во насуканиот брод пред италијанскиот брег открија уште една жртва. Новинската агенција Анса пренесува дека се работи за патник. Со тоа бројот на загинати во бродската несреќа се искачи на шест. 14 лица се’уште се водат за исчезнати, меѓу нив четворица Германци. Тричленото македонско семејство кое се наоѓало на бродот вчера безбедно се врати во Скопје.

Автор: АТ/ЖА/дв/дпа/ртре/афп

Редактор: Ж. Ацеска