1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Караманлис доби поддршка за програмата за владата

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlVk

По тридневна дебата во парламентот, новата грчка влада доби тесна поддршка за нејзината нова програма. 152 пратеници во парламентот гласаа за програмата на Караманлис, додека против беа 148 пратеници. Премиерот Костас Караманлис, изјави дека земјата има многу проблеми и дека нема време за губење. Лидерот на опозиционите социјалисти, Јоргос Папандреу, го критикуваше Караманлис и го обвини дека е одговорен за слабеењето на меѓународната позиција на Грција во светот. Вчера, во интервју за грчкиот весник, Катимерини, специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц, изјави дека влез на Македонија во НАТО е шанса за решавањето на спорот со Атина за името. Тој истакна дека сé поврзано со спорот за името било замрзнато до парламентарните избори во Грција, но дека сега обидите за решавање на конфликтот повторнo ќе се обноват. Според Нимиц, слабото парламентарно мнозинство во Грција не е пречка за решавање на прашањето, а новата грчка влада е во позиција да донесува одлуки.