1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Караманлис доби поддршка за програмата за владата

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlZw

По тридневна дебата во парламентот, новата грчка влада доби тесна поддршка за нејзината нова програма. 152 пратеници во парламентот гласаа за програмата на Караманлис, додека против беа 148 пратеници. Премиерот Костас Караманлис, изјави дека земјата има многу проблеми и дека нема време за губење. Лидерот на опозиционите социјалисти, Јоргос Папандреу, го критикуваше Караманлис и го обвини дека е одговорен за слабеењето на меѓународната позиција на Грција во светот.