1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Караманлис и Папандреу во изедначена битка за власта

16 септември 2007

Главната битка на денешните предвремени парламентарни избори во Грција ја водат конзервативната партија Нова Демократија на премиерот Костас Караманлис и опозицискиот ПАСОК под водство на Георгиос Папандреу.

https://p.dw.com/p/BgO6
Фотографија: AP

Актуелниот премиер, Караманлис, сака втор мандат во кој планира да ги засили еконосмките реформи во земјата, пред се на планот на намалување на дефицитот и невработеноста. Предноста на владеачката Нова Демократија пред опозиционите социјалисти, изнесуваше два проценти. Тоа ја подгреваше надежта на конзервативците дека би можеле да победат на предвремените избори.

Но, се случи нешто друго, зашто на крајот на август избија уништувачките пожари и тоа внесе несигурност кај Грците. Инферното стана политика. Партијата на Караманлис, која беше сигурна во победа, сега мора да стравува да не и‘ се случи избирачите од протест против власта да гласаат за друг. Јоргос Сеферцис, политички аналитичар, оценува: “Станува збр за избори со многу особености кои се манифестираат во многу сфери на изборната борба. Прво, тука е кусото траење на изборната борба, 30 дена, кое не дозволува опширно програмско соочување на партиите. Но, решавачкиот елемент е спектакуларната промена на политичката агенда поради катастрофалните пожари.“

На прв поглед, Караманлис постигна нешто – му успеа да излезе на крај со проблемот на дефицитарните државни финансии. Порастот во Грција изнесува повеќе од 4%, а стапката на невработеност падна од 11% пред четири години, на 7,9%. Сепак, на конзервативната влада не и‘ успеа да го направи поефикасен државниот апарат, што можеше да се види и пред неколку недели кога почнаа пожарите во Грција.

Кој ќе ги привлече несигурните?

Грците се разочарани и несигурни, смета политикологот од Атина. Кој ќе ги добие гласовите на избирачите кои од протест не би гласале за владеачката гарнитура? Дали малите партии, комунистите, Левата алијанса или десните популисти ќе ја искористат недоволната доверба во големите партии поради катастрофата со пожарите? Јоргос Сеферцис, смета дека играта сеуште е отворена: “Исходот на изборите зависи пред се‘ од процентот на учество, зашто се претпоставува дека голем број избирачи нема да гласаат. Се чини дека протестните гласови ќе отидат во насока на малите партии. За големите партии ќе биде тешко да обединат за себе 80% од гласовите.“

Во случај на пат-ситуација, Караманлис веќе најави дека нема склучува коалиции и изјави дека би најавил повторно нови избори. Грчкит печат овие избори ги оцени како најнеизвесните избори на сите времиња, особено ако се има предвид фактот дека објавувањето резултати од истражувања на јавното мислење не се дозволени во последните две недели пред избори.