1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Караманлис: Скопје да се откаже од непопусливоста по прашањето за името

21 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anwv

Скопје да се откаже од својата непопусливост по прашањето за уставното име на Македонија, повика грчкиот премиер Костас Караманлис за време на официјалната посета на Нов Зеланд. Запрашан дали Атина спорот со името го поставува како услов за членство на Македонија во НАТО Караманлис одговорил само дека „ тие се залагаат за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение во ОН, како и дека Грција досега имала конструктивна улога во процесот“. Според грчкиот премиер македонската влада е таа којашто треба да се откаже од пропагандното однесување и да се сврти кон европската иднина.

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува за очекувано меѓународно признавање на Македонија под уставното име што би можело да предизвика предвремени избори во Грција.