1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Караџиќ, ќе биде уапсен!?

30 јуни 2004

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, најави дека во наредните денови можно е да биде уапсен најбараниот за воени злосторства, босанскиот србин, Радован Караџиќ.

https://p.dw.com/p/AcMZ
Радован Караџиќ
Радован КараџиќФотографија: AP

Дел Понте пред Советот за безбедност на ОН, ја обвини СиЦГ дека им дава прибежиште на обвинетите за воени злосторства.

Главниот хашки обвинител е оптимист, дека најбараниот обвинет за воени злосторства од поранешните ју простори, веќе во текот на наредните денови ќе се најде во Хаг. Несакајќи да навлегува во детали ,Карла дел Понте во Њу Јорк изјави, дека Радован Караџиќ, некој силно го бара и наскоро ќе биде уапсен.

“ Да останеме оптимисти и да веруваме дека Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, ќе бидат наскоро уапсени, но разберете ме дека неможам јавно за тоа да говорам“

Дел Понте, не сака да конкретизира ништо околу локацијата каде се смета дека се наоѓа Караџиќ, таа очекува, да се случи апсењето.

“Сеуште очекувам да дојде тој ден, оставете да се случи апсењето, па потоа ќе зборуваме за тоа што сме направиле“

Карла дел Понте, пред Советот за безбедност, ги обвини властите во СиЦг дека не соработуваат и помагаат во прикривањето на најмалку дваесетина обвинети за воени злосторства, меѓу кои се наоѓа и Ратко Младиќ. Властите во СиЦГ и Република Српска според Дел Понте, не сакаат ниту да соработуваат во апсењето, ниту да ги убедат тие доброволно да се предадат.

Таа рече, дека се идентификувани 12 од 22 случаи, кои можат да се препуштат на судовиите во поранешните ју републики, доколку за тоа дадат согласност судиите од трибуналот.

Некој во поранешна Југославија сигурно мисли дека, со криење и избегнување од апсење, ќе дочека трибуналот да се откаже, изјави во советот за безбедност шефот на судот во Хаг, Теодор Мерон

Карла дел Понте изјави, дека важна улога во апсењето на воените злосторници имаат силите на СФОР во БиХ, кои последен пат извршиле апсење во Јули 2002 година. Таа во советот за безбедност апелираше, судот во Хаг, да остане отворен се додека тоа биде неопходно, односно, додека пред лицето на правдата не бидат изведени, Радован Караџиќ, Ратко Младиќ и хрватскиот генерал, Анте Готовина.