1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карзаи – Меркел

19 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMT

Германската канцеларка, Ангела Меркел, смета дека концептот на комбинирана воена и цивилна помош за Авганистан е вистинската мешавина со која може да и‘ се помогне на таа земја. По средбата со Меркел во Берлин, авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, го поздрави испраќањето германски извидувачки авиони од типот „торнадо„ на југот на Авганистан. Тој оцени дека за Авганистанците тоа претставува еден вид психолошка гаранција за безбедност.

Спроти разговорите со германската канцеларка, Карзаи од меѓународната заедница побара поголеми напори во обучувањето и вооружувањето на безбедносните сили на неговата земја. За меѓународната заедница би било многу поевтино доколку инвестира консеквентно во авганистанската полиција и армија.