1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карловата награда во рацете на претседателката на Литванија

АТ/ дв8 декември 2012

Карловата награда 2013 оди во рацете на претседателката на Република Литванија Далија Грибаускаите. Таа има посебни заслуги за европската интеграција на балтичките земји, соопшти директориумот за Карловата награда.

https://p.dw.com/p/16ybg
Фотографија: AP

Далија Грибаускаите е изворедна личност од балтичкиот регион, соопшти директориумот за Карловата награда во Ахен. Претседателката на Литванија се наградува и за „развојот на нејзината земја, кој може да служи за пример во Европа“. Исто така се истакнува и нејзината улога на градител на мостови меѓу ЕУ и источните земји. Директориумот го вреднува и нејзиниот ангажман во кризните години 2008 и 2009. По економскиот полет на балтичките земји 56 годишната Далија Грибаускаите покажа храброст и умереност во тешки времиња.

Карловата награда, која е една од најзначајните награди во Европа, се доделува од 1950 година за посебни заслуги за европското обединување. Носителот на награда го одредува независно тело составено од граѓани на градот Ахен. Наградата е дотирана со 5.000 евра и традиционално се врачува во Градското собрание на Ахен. Карловата награда на Далија Грибаускаите ќе и биде врачена на 9. мај 2013 година.

Со Карловата награда досега меѓу другите се наградени и Конрад Аденауер, Франсоа Митеран, Хелмут Кол, Вацлав Хавел, Тони Блер, Бил Клинтон и Ангела Меркел.