1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карлос Дунга, нов селектор на Бразил

25 јули 2006

Карлос Алберто Парера поднесе оставка по неуспехот на СП во Германија

https://p.dw.com/p/AeiL
Репрезентативци на Бразил
Репрезентативци на БразилФотографија: AP

Поранешниот капитен на репрезентацијата која во 1994 во САД ја освои титулата светски првак е нов кормилар на Кариоките, потврди денеска фудбалската конфедерација на Бразил. Дунга доаѓа на местото на Карлос Алберто Парера кој се повлече по елиминацијата во четвртфиналето на светското првенство во Германија. Изборот на Дунга во целост ќе ги задоволи желбите на бразилските навивачи кои сакаат ентузијасти, изјави претседателот на фудбалската конфедерација Рикардо Тежеира. Инаку Дунга, досега нема искуство како тренер.