1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Катастрофален земјотрес во Индија и Непал

19 септември 2011

Во тежок земјотрес во Индија и Непал, животот го загубија најмалку 33 луѓе. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала бил во Гангток, главниот град на индиската сојузна држава Сиким.

https://p.dw.com/p/12bjs
Земјотрес во подрачјето меѓу Индија и НепалФотографија: dapd

Полицијата во Сиким изутринава (19.09) соопшти дека во таа сојузна држава има најмалку 15-мина згаинати и околу 60 повредени луѓе. Си-Ен-Ен јави дека шестмина загинати има во сојузните држави Западен Бенгал и Бихар. Локалните медиуми во Непал, пак, јавуваат за петмина загинати. Во Тибет, според кинеската државна агенција Ксинхуа, животот го загубиле седум луѓе.

Индиските метеоролошки власти соопштија дека епицентарот на земјотресот бил на Хималаите, на 68 километри северозападно од Гангток. Во градот, според агенцијата ИАНС, се урнати повеќе куќи, а голем број објекти се тешко оштетени. Се јавува и за прекини во електричната и телефонската мрежа. Властите тврдат дека армијата, полицијата и службата за заштите од катастрофи почнале со акција на спасување и расчистување на теренот. Сепак, спасувачите не можат да стигнат до голем број села во непроодните подрачја, поради силните дождови, одрони на земја и немање струја.

Јужна Азија е постојано потресувана од силни земјотреси. На крајот на 2005 година, во земјотрес со јачина од 7,6 степени спроед Рихтеровата скала во рагионот на Кашмир, животот го загубија околу 74.000 луѓе.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/дпа

Редактор: Борис Георгиевски