1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кајзер Франц кандидат за челник на УЕФА ?

24 март 2005

Германија го одбра својот кандидат за иден челник на европскиот фудбал. Франц Бекенбауер има митски статус меѓу фудбалските фанови , и Германската Фудбалска Федерација се надева дека ваквата негова слава ќе го донесе наредната година на чело на УЕФА. Бекенбауер покажа интерес , но допрва треба да ја прифати номинацијата.

https://p.dw.com/p/AelK
Фотографија: dpa

Неговиот прекар гласи : Кајзер или Кајзер Франц , што значи Кралот Франц . Неговите богатства : Национални , европски и светски шампионски трофеи. Милиони евра за рекламирање на компанија за мобилна телефонија. Фондација која го носи неговото име. Пет деца , две поранешни жени и постојана медиумска изложеност, како спортска коментаторска ѕвезда.

Валтер Штратен, новинарот на таблоидот Билд кој прв ја објави информацијата дека германската фудбалска асоцијација има намера да го покани Франц Бекенбауер да се кандидира за челник на УЕФА вели :

„ Тој е еден од среќните луѓе на светскиот спорт“

Штратен смета дека Бекенбауер ќе го протресе европскиот фудбал од врвот до дното:

„Франн Бекенбауер не е човек бирократ. Тој играл фудбал на највисоко можно ниво. Доколку тој направи промени , тие ќе бида исклучиво во полза на спортот , а не во полза на економијата.

Скандалите со местење на натпревари го ставија под закана европскиот фудбал . Навивачите повеќе не знаат дали играчите или пак новинарите се чесни. Бекенбауер , кој е почитуван ширум Европа , а е познат и надвор од стариот континент , би можел да ја поврати довербата која му е потребна на фудбалот, да ги задржи фановите на стадионите .

Или пак неговото претседателствување би можело да има обратен ефект со оглед дека најголемиот скандал со местење натпревари се случи во неговата татковина Германија. А националните интереси го одбележуваат процесот на избор на кандидатите за претседател на УЕФА:

„ Секако. Германската федерација има интерес да биде на чело на европскиот фубал. Зошто би го негирала тоа?

Исти намери има и Франција . Таа има свој кандидат , Мишел Платини. Ѕвездата поранешниот капитен на националниот тим сјае само за нијанса послабо од онаа на Бекенбауер. На една интернет анкета за избор на најдобриот европски фудбалер на сите времиња Платини се најде на 9 место , додека Бекенбауер на второто. Кој би ја водел подобро УЕФА :

Мислам дека не постои голема разлика меѓу Платини и Бекенбауер- смета германскиот спортски новинар Штратен.

Значи на крајот може да дојде до битка меѓу нациите , за да се види кој ќе седне на топ местото во седиштето на УЕФА во Швајцарија . На Претседателот на заминување , Ленард Јохансон, треба да се знае дека пред седум години , му беше врачен сојузен медал за заслуги во Берлин . германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили го нарече голем пријател на Германија – нешто што може само да му биде од полза на Франц Бекенбауер.