1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кенија бара излез од кризата

4 јануари 2008

Опозицијата во Кенија денеска повторно ќе излезе на демонстрации, против неправилностите по изборите. Странски претставници во меѓувреме се обидуваат да посредуваат меѓу двете страни да се најде излез од кризата.

https://p.dw.com/p/CkAx
Кенија по изборитеФотографија: AP

Откако опозиционото движење во Кенија вчера ги откажа големите демонстрации во Кенија, денеска повторно ќе се обидат да демонстрираат против неправилоностите за време на претседателските избори.

Меѓународната заедница го засили притисокот врз владата и опозицијата во Кенија да бараат мировно решение на конфликтот. Во текот на ноќта, америакнското министерство за надворешни испрати висок дипломат во Најроби. Тој треба да посредува меѓу претседателот на Кенија Мваи Кибаки и водачот на опозицијата Раила Одинга.

Од вчера во Најроби е и јужно африканскиот носител на нобеловата награда за мир Дезмон Туту. По двочасовен разговор со Одинга и другите опозициони политичари Туту рече „Опозицијата е подготвена и се радува да почне преговори за надминување на кризата во Кенија. Тие ќе ги претстават своите идеи, и сметатм дека тоа е добар резултат.“

Денеска Туту треба да се сретне и со претседателот Кибаки, кој вчера откако повеќе дена се повлече од јавноста и не даваше никакви изјави, сигнализираше подготвеност за разговори „Подготвен сум на дијалог со сите групи, предуслов за тоа е да се стабилизира политичката клима во земјата.“

Се смета дака шансите се минимални бидеќи фронтовите и натаму опстојуаваат на своите позиции. Одинага уште пред неколку дена изрази готовности да се сртне со Мбаки, но како предуслов претседателот да се повлече од функацијата.

Во текот на ноќта во Кенија беше мирно. Полицијата и војската и натаму ги обезбдуваат владините објекти во Најроби. Затоа се смета дека и денеска ќе биде тешко демонстрантните, без насилство да влезат во центарот на градот. Вчера полицијата употреби солзавец и водени топови.

Светската банка во меѓувреме предупреди дека економијата во Кенија и цела источна Африка, може да има долгорочни последици. Во соседните држави Уганда, Бурунди и Руанда веќе постои недостиг на бензин.