1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кесонг останува затворена

ЕМФ/дв15 јули 2013

Северна и Јужна Кореја се во принцип согласни за повторно отворање на индустриската зона Кесонг, но како и секогаш - ѓаволот се крие во деталие. Двете страни, меѓутоа, сакаат да продолжат да разговараат на оваа тема.

https://p.dw.com/p/197yD
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Јужна и Северна Кореја повторно ги одложија разговорите за повторно отворање на индустриската зона Кесонг. И на третата рунда преговори овој месец не е постигната согласност, соопшти главниот јужнокорејски преговарач Ким Ки Вонг по средбата. Портпарол на Министерството за обединување во Сеул соопшти дека имало разлики. Северна Кореја не се согласила со барањето на Јужна Кореја во иднина да биде неможно еднострано затворање на зоната. Сепак, Пјонгјанг потврдил дека економската зона треба да биде отворена повторно што е можно побргу.

За среда (17.07) се закажани нови разговори. Индустриската зона се наоѓа на севернокорејска територија, на околу 10 километри оддалеченост од границата меѓу двете држави. Пјонгјанг ги повлече своите работници од Кесонг во април поради заедничките воени маневри на јужнокорјеските и американските воени сили. Претходно, тензиите во регионот беа зголемени поради третиот севернокорејски атомски тест, извршен во февруари годинава.