1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Киднапирана Германка во Авганистан

19 август 2007

Во Авганистан вчера беше грабната една жена – германска граѓанка, шеф на бирото на христијанската хуманитарна организација Ора интернационал. Се уште не се знае кои се грабнувачите.

https://p.dw.com/p/BVqH
Од вчерашната комеморација во берлинската катедралаФотографија: AP

Настанот се случи во еден киоск-ресторан во западниот дел на Кабул. „Барбекју тунајт„ има само 4 маси и никакви безбедносни мерки. 31-годишната жена тука застанала на ручек кога била извлечена од киоскот и ставена во автомобил. Четворица вооружени мажи во сина „Тојота корола„ со грабнатата Германка избегале со голема брзина. Полицијата, која веднаш била алармирана се обидела да пука врз автомобилот, но место тоа погодила едно такси и го убила возачот. Уште еден Германец кој бил со неа, не бил грабнат. Жената работи за малата хуманитарна организација Ора Интнернационал која се концентира врз здравствениот систем во Кабул. Портпаролот на оваа организација Улф Баум:

„Соработничката беше шеф на бирото на нашата организација и беше одговорна за поддршка на проектите преку административна дејсност за се’ да се одвива функционално„.

Полицијата во Кабул започна голема акција на потрага по грабнувачите, а киднапирањето го потврди и германското министерство за надворешни работи. Се смета дека жената е грабната од криминална банда, а не од Талибанците.

Настанот се совпадна со одржувањето на комеморацијата во берлинската катедрала по повод тројцата загинати германски полицајци во Авагнистан. Присуствуваа роднините, пријателите, но и канцеларката Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле:

„Марио Келер, Јерг Рингел и Александер Штофелс ги положија животите за една длабоко хумана идеја. Луѓето можат да живеат во мир и слобода само тогаш кога има поредок што ги штити и им нуди безбедност„, рече Шојбле.

Тројцата полицајци имаа тешка и опасна задача, да ги штитат животите на други. Тие беа одговорни за заштитата на германската амбасада во Кабул. Во своето обраќање, германскиот амбасадор Ханс Улрих Зајт, ја подвлече човечката и професионална посветеност на жртвите.