1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КиКуМа - детски магазин за културата

Силвера Падори2 ноември 2007

Големиот медиумски пазар во Германија в понеделник ќе биде збогатен со уште едно издание. Станува збор за KиКуМа - списание за културата наменето на најмладата публика - децата и нивните родители.

https://p.dw.com/p/C0Lo
Новото списание ќе ги препорачува случувањата од културата интересни за децатаФотографија: DW

Доколку на Интернет и гугл го побарате терминот КиКуМа, ќе добиете список од околу 58.000 толкувања на поимот. Почетниот е името на едно село во Јапонија кое повеќе не постои. Вака е сега. Но, од понеделник, кога и официјално ќе се најди на пазарот, КиКуМа ќе биде на врвот на списокот, зашто станува збор за детски културен магазин, прв од ваков тип посветен на децата и нивните родители. Зад КиКуМа стои Фондацијата Урсула Лубе која го поддржува образованието на децата и младите во сферата на културата. Фондацијата се грижи и за одредени институции и културни случувања. Таа е и иницијатор и издавач на КиКуМа, зашто смета дека една ваква понуда која до сега ја немаше, е значајна за Германија. Според Марк Шнајдер од издавачкиот совет, новото списание за деца и млади ќе излегува на 24 страници во боја и со тираж од 1,3 милиони примероци. КиКуМа ќе биде квартален прилог во повеќе дневни весници. Итернет изданието , пак секојдневно ќе се актуелизира.

Шнајдер ги објаснува и темите во првите две изданија на КиКуМа:

“Насловната тема од првиот број ја подготви познатиот германски актер Клаус Марија Брендауер . Тој на децата им го објаснува театарот, животот на актерите на и зад бината. Во наредниот број, што ќе излезе во фебруари ќе се говори за животот на децата ѕвезди. Како се развиваат, дали во текот на годините доаѓа преориентација - од деца пеачи, во деца актери и сл.

Во списанието ќе има и предлози за книги, двд, но и нешто што до сега го немало: детски култирен календар.Тоа е календар со случувања од културата за цела Германија . На пример каде има манифестации што може да ги посетуваат децата со нивните родители - детски театарски претстави, детски опери, мјузикли кои вреди да се видат.