1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина - атак врз Боинг и Ербас

ЖА
5 мај 2017

Кина направи важен чекор во создавањето сопствена авионска производствена индустрија. По повеќегодишни пролонгирања, патничкиот авион Ц919 го изведе првиот лет.

https://p.dw.com/p/2cQL5
China Comac C919
Фотографија: Imago/Xinhua

Со сопствено произведениот авион Кина настапува против колосите во браншата, Ербас и Боинг и врши конкуренција кон нивните продажни хитови А320 и 737. По 80-минутниот лет со петмина пилоти и инженери, авионот Ц919 безбедно слета во Шангај. Државната телевизија ЦЦТВ во живо во пренесуваше слетувањето, а настанот го следеа илјадници функционери, соработници од авиобраншата и граѓани.

China Erstflug Comac C919
Фотографија: Reuters/A. Song

Патничкиот авион првпат требаше да полета уште во 2014 година, но поради проблеми во производството, првиот лет беше одложен за повеќе месеци. Авионот кој ѝ беше претставен на јавноста во ноември 2015 година, може да прими 158 до 168 патници. Прв муштерија е Кина Истерн Ерлајнс. Државниот производител на авиони Комак тврди дека има веќе 570 порачки од 23 клиенти, но не се очекува првите испораки да бидат во скоро време. Според аналитичарите, во технолошки поглед, Ц919 сепак заостанува зад А320 и Боинг 737. Од двата модели во идните две години на пазарот ќе се појават модернизирани верзии. Освен тоа, Кинезите сѐ уште се зависни од испораки од странство, на пример во делот на моторите. Тие веројатно ќе наидат на тешкотии и при меѓународната продажба, поради доминацијата на Ербас и Боинг.