1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина во олимписка треска

15 август 2006

По нешто помалку од две години во Кина ќе гори олимпискиот оган: на 8 август 2008 година ќе започнат игрите за кои веќе сега во земјата владее треска. Главниот град Пекинг со чекори од седум милији оди во пресрет на олимпиското време. Стадионот и другите места каде што ќе се одржува олимпијадата веќе добиваат форма. На сите страни можат да се купат олимписките маскоти, висат огромни плакати со мотото:„Еден све

https://p.dw.com/p/Aei5
Пекинг влегува во завршната фаза на подготовките за Олимпијадата 2008
Пекинг влегува во завршната фаза на подготовките за Олимпијадата 2008Фотографија: AP

�, еден сон„.

„Сите операции за успешно спроведување на олимписките игри ќе бидат завршени како што е планирано„, вели гордо Ванг Веи од олимпискиот комитет. И не само тоа. Целиот Пекинг наликува на градилиште. Се реновираат историските туристички атракции како Забранетиот град, Небесниот храм или Летната палата. На сите страни градилишта. Се раѓаат нови шопинг центри, шест-летни автопати, метроа и 30-катни згради со станови и бироа. Порано во Пекинг имаше 3 илјади и 600 стари улички, многу од нив стари 800 години. Денес ги има само неколку стотини, другите паднаа како жртви на модернизацијата. Сликата за стариот Пекинг ја нема. Се за добра цел, вели Ванг:

„Главната причина за тоа е да се подобрат условите за живот на населението. Кинеската влада се грижи за тоа сите луѓе што ќе бидат преселени да добијат соодветно обесштетување„.

Најчесто стан во стнадардизираните згради во предградијата. Во подготовките за олимписките игри 2008 година се инвестирани најмлаку 30 милијарди евра: во објекти, инфраструктура, културни манифестации, но и реклами.

Кога станува збор за игрите во 2008, Олимпсикиот комитет на Кина никако не информира за негативности. Скандалите со корупција се туркаат под килим и не се спомнуваат. Новинарите се тешат дека Кина мудрува токму кај меѓународните стандарди во врска со слободата на печатот и тоа поради фактот што по две години се очекуваат најмалку половина милион посетители и 20 илјади новинари од целиот свет. Од почетокот на идната година ќе бидат пуштени во продажба 6 милиони влезници. Милиони ќе го следат отворањето преку телевизијата. Дури е исклучено на 8 август 2008 времето да биде лошо, како што открива Ванг Веи од олимпискиот комитет:

„Можеме да кажеме: во тој период времето ќе биде добро. Во последните 10 години на 8 август одвај да имаше дожд. Паѓаа само малку капки од небото„.