1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

141111 APEC China

29 ноември 2011

Земјите на АПЕК планираат создавање најголема Зона на слободна трговија во светот, со за сега 12 членки, а под водство на САД. Кина остана надвор од спогодбата и реагира со загриженост.

https://p.dw.com/p/13Bbj
Фотографија: AP/Montage DW

Пекинг со загриженост гледа кон активностите на Вашингтон пред сопствениот праг, вели публицистот на економски теми од Шангај, Је Тан:

„САД економски се ориентираат наново и се концентрираат повеќе на азиско-пацифичкиот простор. Посилно американско присуство во регионот ги прави американско-кинеските односи многу покомпликувани. Тоа може да се предвиди. Кина и натаму ќе извезува во соседните држави. Зоната на слободна трговија ќе ги направи нашите односи со Американците потешки.“

Уште пред самитот на АПЕК, Пекинг ги нарече „преамбициозни“ американските планови за економска интеграција на земјите од тој регион. Кина и Америка се борат за доминација во Азија. Кина со години се обидува да го зголеми своето влијание. Пекинг ги врзува државите со инвестиции, развојна помош и трговски договори. Минатата година Кина склучи договор за слободна трговија со јужноазиските земји на АСЕАН.

Iran USA China Obama Hu Jintao Honolulu
Ху Џинтао и Барак Обама во ХонолулуФотографија: dapd

Регионот во „процеп“ меѓу Кина и САД

Во меѓувреме, меѓутоа, во регионот расте стравот од кинеска доминација - економска, но и воена. САД во некои азиски метрополи се гледаат како контратежина која е добредојдена.

„Кина и САД се конкуренти. САД се доминантни во секој поглед, тоа не може да се премолчи. Сега се работи за тоа колку Кина може да ја предизвика оваа сила. Кина се‘ уште има малку работи за спротивставување“, оценува Је Тан.

САД се пацифичка сила и овде сме за да останеме, изјави претседателот Обама на самитот на АПЕК во Хонолулу. Тоа е сигнал во насока на Пекинг. Дали Кина ќе се определи за кооперација или за конфронтација, се‘ уште е нејасно. Како и да е, Ху Џинтао го пофали планираниот транс-пацифички договор за слободна трговија, што може да биде знак за тоа дека и Кина среднорочно сака да му се приклучи.

Автор: Маркус Римеле / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Горан Чутаноски