1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина научи од грешките на минатото

Астрид Фрајајзен15 мај 2008

Светот е вудовиден во позитивна смисла: на катастрофата што ја погоди Кина со земјотресот во провинцијата Сечуан државното раководство реагира отворено и брзо, без пропагандистички приод. -Коментар за случувањата во Кина

https://p.dw.com/p/E0TH
Кинескиот премиер Вен Џијабао на лице-место во регионот во епицентарот на земјотресотФотографија: AP

2008-ма требаше да биде екстремно среќна за Кина: осумка е традиционално среќен број таму - перфектно за олимпијадата, гордоста на Кинезите. Но, во јануари снежен хаос на југот на земјата, во март крвави безредија во Тибет, протести на Западот против кинеската политика спрема Тибет, бесни националистички контра-реакции на Кинезите во цел свет, пропаганда исполнета со омраза, што шокира. Сега и земјотресот, хуманитарна катастрофа чии размери се’ уште се нејасни.

Минутите по првиот потрес покажаа дека во Кина се можни реакции кои вчудовидуваат. Ја немаше старата мостра на заташкување, минимизирање и пропагандно шоу. Напротив, во Пекинг уште беа на улица од потресот возбудени службеници истрчани од високите згради, кога државната агенција и телевизијата веќе започнаа со известувањето.


Денови на невообичаена слобода на печатот, невообичаени реакции на политиката


Медиумите постојано актуелно информираат за се’ - бројот на жртвите и можните затрупани под урнатините, за човечките трагедии и огромните проблеми на спасувачките екипи, оцени на есксперти за регионот како екстремно сеизмички загрозен. Ни странските новинари не се попречувани во известувањето од лице-место. Одненадеж и строгите и авторитарни цензори се воздржани, велат кинеските новинари. Резултат е невообичаена слобода на печатот, која кинескиот устав, инаку, ја гарантира.

Невообичаена е и реакцијата на политичкото раководство: ни два часа по веста за земјотресот, премиерот Вен Џијабао веќе полета кон погоденото подрачје. Тој лично го раководеше кризниот штаб, што беше региистрирано и од телевизијата, но досега беше нормално врвните политичари да бидат прикажувани кога некој проблем е веќе решен, за пропагандистички да се покаже способноста на комунистичкиот кадар.


Кинеското раководство ги заслужи пофалбите од ОН


Но, најважно е брзото мобилизирање на спасувачки екипи. Кинезите прават се’ што е можно за спасување човечки животи, ангажирајќи го својот најголем капитал: луѓето. Сто илјади војници, лекари од целата земја - нема проблем. Ако помошта не напредува доволно брзо, тогаш е тоа само поради пустошот во планинските области и дождот. Кинеското раководство ја прифати и помошта од странство - реакцијата покажува дека напорите не беа само пропагандистичка демонстрација на моќ пред очите на светот.

Сосем се на место пофалбите од ОН за постапувањето на кинеското раководство во врска со катастрофата. Клучните личности во Пекинг очигледно научија од грешките во минатото. Но, неизвесно е дали овие напредни сили трајно ќе се пробијат против штурите догматици. Ехото на актуелниот кризен менаџмент кај населението ќе биде важен фактор. Ако катастрофата ја зајакне неговата кохезија, нема да биде ставена под прашање власта на Комунистичката партија, а реформаторите ќе ја зацврстат позицијата, оти стабилноста има највисок приоритет во Кина.

►◄