Кина отфрла заострување на санкциите против Иран
30 октомври 2007Реклама
Кина повторно отфрли воведување засилени санкции против Иран поради неговата спорна атомска програма . Решение за конфликтот по дипломатски пат е најдобриот пат- порача министерството за надворешни работи на Кина за време на посетата на шефицата на израелската дипломатија Ципи Ливни на Пекинг. Ливни вчера таму одржа говор во кој повика на заострени меѓународни санкции кон Иран .