1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Кина: По коронавирусот, десетици милиони луѓе погодени од рекордни поплави

СН/дв
16 јули 2020

Кина штотуку го подзапре ширењето на коронавирусот а сега се соочува со катастрофални поплави, какви што немало со децении наназад.

https://p.dw.com/p/3fM2v

Поројните дождови, кои траат со недели предизвикаа најголеми поплави во Кина во последните децении, уништувајќи ги домовите и егзистенцијата на милиони луѓе, додека земјата се бори да ја заживее економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Од јуни наваму, од катастрофалните поплави во Кина се погодени 38 милиони луѓе. Раселени се околу 2,24 милиони жители, а над 140 лица загинаа или се водат како исчезнати. 

Летните поплави се вообичаена појава во Кина поради сезонските дождови, но годинешните поплави е посебно лоши.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Вухан во кризен режим

Погодени се 27 од 31 провинции во Кина, а на некои места нивото на водата достигнува опасни димензии какви што немало од 1998 година, кога во катастрофалните поплави животот го загубија над 3.000 луѓе.