1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина ќе ја престигне Германија

26 јули 2007

Кина ќе и го преземе извозниот примат на Германија на светско ниво

https://p.dw.com/p/BMCs

Според анкетата на Германската комора за индустрија и трговија ДИХК, Германија во наредните години ќе ја загуби водечката позиција како светски првак во извоз. Од кого? Се разбира од Кина. Економскиот експерт од ДИХК, Аксел Ничке вели: причина за тоа е огромниот економски растеж. Кинескиот извоз во оваа и во наредната година ќе расте за преку 20 процнети. Со такво темпо, по околу пет години ќе ја стигне и ќе ја престигне Германија. Инаку, скоро 60 проценти од целокупниот кинески извоз, според ДИХК, доаѓа од фирми со германско учество и удел.