1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинезите бегаат пред тајфунот „Миуфа“

7 август 2011

Повеќе од половина милион жители на источното крајбрежје на Кина се евакуирани по најавата за приближување на разорниот тајфун „Муифа“, кој веќе ги зафати Филипини и Јапонија, оставајќи зад себе пустош.

https://p.dw.com/p/12CVL
Фотографија: AP

Повеќе милиони лица се предупредени да не ги напуштаат домовите. Во очекување на големата временска непогода која се прогнозира за утре, капетаните на преку 30.000 бродови се предупредени што побрзо да дојдат до брегот и да ги остават пловилата на безбедно, бидејќи брановите во Источното Kинеско Mоре би можеле да достигнат до 11 метри.

Подготвки на сообраќајот

Ударите на тајфунот „Муифа“ достигнуваат повеќе од 160 километри на час, а се предвидува ветерот дополнително да се засили на патот до кинескиот брег. Тајфунот ќе донесе силен дожд и делумно ќе го зафати Шангај со околината, каде живеат околу 23 милиони луѓе. Населението е предупредено да не ги напушта куќите, 537 лица се евакуирани од крајбрежјата, но се уште не е јасно дали епицентарот на бурата ќе го погоди овој град. Летовите кон Шангај се откажани, а железничкиот сообраќај е подготвен за промена на редот на возење. Сите случувања за викендот се откажани, а американската влада ги предупреди своите граѓани кои се наоѓаат во Кина да си обезбедат резерви со вода, храна и готовина. Претходниот разорен тајфун „Матса“ од 2005 година усмрти петмина Шангајци, од вкупно 19 лица кои настрадаа во Кина.

Schlimmster Taifun des Jahres in China
Фотографија: dpa - Report

Разорна трага

Тајфунот „Муифа“ досега однесе четири животи на Филипините, додека вчера во Јапонија беа повредени 27 лица, каде имаше и прекин со снабдување со електрична енергија. Повеќе од 60.000 куќи на островот Окинава се напуштени поради поплави. По Кина, според најавите, бурата во вторник ќе ја зафати и Северна Кореја.

Автор: ГЧ/ЖА/миа

Редактор: Жана Ацеска