1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинескиот премиер во прва посета на Германија

АТ/ дпа/ афп26 мај 2013

Посетата би можела да значи нов почеток во односите меѓу Кина и Германија. Новиот премер Ли Кечијанг денеска во Берлин ќе го прими канцеларката Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/18e8z
Фотографија: picture alliance/ZUMA Press

Германската канцеларка со воени почести денеска ќе го прими новиот кинески премиер Ли Кечијанг. За вечерва е планирана и средба со претседателот на Германија Јоахим Гаук. Во Пекинг, посетата на Ли на Берлин се оценува како посебен гест, бидејќи Германија е единствената ЕУ држава, која сега ќе ја посети кинескиот премиер. Ли, кој власта ја презема во март годинава, беше во посета на Швајцарија, а претходно отпатува во Индија и Пакистан.

За канцеларката Ли не е непознат политичар. Таа веќе двапати се сретна со него, кога тој беше вицепремиер. Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт нагласи дека Меркел со Ли Кечијанг ќе разговара и за слободата на печатот во Кина и за состојбата на критичарите на режимот како уметникот Аи Вејвеј. „Прашањата за човековите права при германско - кинеските средби, без оглед на кое ниво, секогаш се важен дел (од разговорите)“.

Во визирот кризните жариште

На средбата се очекува да стане збор за барањето на Кина за вклучување на Иран во мировната конференција за Сирија која САД и Русија ја планираат за почетокот на јуни во Женева. Кина и Русија исто како и Иран се сметаат за поддржувачи на режимот на претседателот Башар ел Асад. Исто така се очекува да стане збор за ангажманот на Пекинг за обновување на шестпартитните преговори за атомската програма на Северна Кореја, кои се замрзнати од 2009 година.

Во трговскиот спор меѓу ЕУ и Кина за воведување на казнена царина за соларните панели од Кина Меркел и натаму се залага за постигнување на компромис. Двете страни би морале да се обидат да се најде фер спогодба, рече Зајберт. Брисел освен ова на кинеските снабдувачи со телекомуникациска опрема им се закани со истрага за анти дампинг цени, за да ги заштити европските претпријатија од браншата од евтините кинески понуди. Кина најави консеквентни мерки за да ги заштити сопствените интереси.

Пред посетата со канцеларката во Берлин Ли отпатува за Потсдам, каде беше пречекан од премиерот на покраината Бранденбург Матијас Плацек. Кинескиот премиер има намера да го посети споменикот Сесилиенхоф, каде инаку сака да даде политичка изјава. Притоа би можело да стане збор за јапонско-кинескиот спор околу островите во Источнокинеското Море. Во палатата Сеслилиенхоф имено победничките сили во Втората светска војна 1945 година ја потпишаа Декларацијата од Потсдам, во која е утврдено дека поразената Јапонија би морала да ги врати окупираните области.