1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеските медиуми ја освојуваат Африка

Надина Шварцбек/ Симе Недевски9 јануари 2013

Кина води офанзивна медиумска политика во Африка. Покрај една радио станица, една новинска агенција и еден ТВ канал, Пекинг сега издава и сопствен весник- кој меѓутоа известува само позитивно.

https://p.dw.com/p/17G2Q
Фотографија: cctv.cntv.cn

45 милијарди долари - толку Кина има инвестирано во Африка само во првата половина од 2012. година. Трговијата меѓу Кина и африканскиот континент тројно се зголеми во последниве три години. Сега Кина се обидува да се пробие и на африканскиот медиумски пазар и таму ги пласираше и своите медиуми: новинската агенција „Синхуа њуз“, „Радио Чајна Интернешнл“ и „ЦЦТВ Африка“. Најнов проект е кинески весник на англиски јазик, кој започна да се продава во Кенија.

Кинезите имаат се’ поголем удел на медиумскиот пазар на Африка. Инвестираат во модерни технологии, им доделуваат стипендии на африканските новинари за престој во Кина и покренуваат сопствени медиуми. Публицистот и експерт за Африка од британскиот „БиБиСи“, Мери Харпер, не е изненадена од кинеската експанзија на медиумскиот пазар во Африка: тоа е сосема нормален развој на ситуацијата. Кина ги откри огромните ресурси и потенијали што ги нуди Африка о стана нејзин најголем трговски партнер. Со тоа го потисна Западот“, вели Харпер.

Screenshot Website China Radio International
Фотографија: english.cri.cn

На почетокот на 2012. година Кина започна да емитува програма на англиски јазик на ТВ каналот наречен „ЦЦТВ Африка“. Освен телевизиски магазини, тркалезни маси, забавни и документарни емисии Кинезите нудат и интернет ТВ магазин за корисниците на мобилни телефони. Наскоро ќе вработат и стотина кинески репортери. Новинската агенција „Синхуа“ заедно со еден оператор за мобилна телефонија во Кенија, го нуди и првиот мобилен сервис вести за Африка. Мери Харпер ги појаснува причините за вака засилениот медиумски ангажман на Кина на африканскиот континент: „Кина се ангажира од економски причини и чиста сметка и затоа новинарите на Запад за сето тоа пишуваат со негативни зборови. Сега Кинезите на Африканците сакаат да им ја раскажат својата историја и воопшто својата верзија на настаните и не сакаат тоа да им го препуштат на западните медиуми“.

Сите текстови ги цензурира централата во Пекинг

Од декември 2012. година во главниот град на Кенија, Најроби се издава дневниот весник „Чајна Дејли-Африка Викли“. Најроби е медиумски јазол на источна Африка, кинеските медиуми таму имаат свои канцеларии редакции и студија. Најроби е седиште за Африка на радио станицата „Чајна Радио Интернешнл“, која инаку емитува програма на повеќе од 50 јазици. Тие се веќе седум години во Кенија, вели еден кениски новинар кој работи за нив. Тој сака да остане анонимен бидејќи Кинезите не гледаат благонаклонето на оние кои даваат интервјуа за западните медиуми.

Nairobi Skyline Kenia Stadtansicht
НајробиФотографија: Fotolia/Natalia Pushchina

„Најнапред пишуваме на англиски јазик, а потоа преведуваме на свахили. Меѓутоа ние не емитуваме програма во живо од Најроби, бидејќи прво целиот материјал го испраќаме во централата во Пекинг. Тие тогаш го емитуваат тоа што сме го подготвиле. Честопати не испраќаат на семинари во Кина за да не обучат за нивниот начин на работа“.

Притисок врз новинарите според „кинески рецепт“

Значи се’ се контролира во Пекинг. Без цензура нема објавување текстови , ниту емитување прилози. На новинарите кои порано работеле за кениски медиуми не било секогаш лесно да се прилагодат на посебните методи за работа. „Не известуваме за негативни појави. Но, како новинари ние мора да известуваме и за работи кои не се одвиваат како што треба, мораме да покажеме реална слика на ситуацијата. Кинеските медиуми известуваат за се’ но ние во ’Радио Чајна Интернешнл’ сме многу селективни“, вели еден кениски новинар кој сака да остане анонимен.

Cameraman at work silhouettes side view © sahua d #17069561
Фотографија: Fotolia/sahua d

Позитивните работи на Африка оваа кинеска радио станица свесно ги става во преден план, за да стане омилена кај африканските слушатели. Мери Харпер не гледа премногу критично на тоа. Таа смета дека кинеската конкуренција внесува свеж ветер на медиумскиот пазар на Африка. Но сето тоа има и свои негативни страни. Кинезите во Етиопија финансираат систем за надзор на новинарите. Оттогаш наваму опозициските медиуми соочени со прекин на емитување на програмата, а новинарите кои се критички настроени кон режимот завршуваат во затвор. Станува збор за појави кои во Пекинг се секојдневие.