1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Кинеските научници клонираа мајмуни

БГ
25 јануари 2018

Науката се доближува до можноста да се клонираат луѓе. Кинески научници по повеќегодишна работа успеаја успешно да ги клонираат првите примати. Двете мајмунчиња ќе се користат за медицински експерименти.

https://p.dw.com/p/2rV1j
China geklonte Affen
Клонираните мајмуни, Жонг Жонг и Хуа ХуаФотографија: picture-alliance/Photoshot/Jin Liwang

Двата идентични мајмуни се првите примати кои се родени со користење на истата техника со која беше продуцирана и овцата Доли пред речиси 20 години. Жонг Жонг и Хуа Хуа, родени пред осум, односно шест недели, на Институтот за невролошки истражување при Кинеската академија на науки во Шангај се зачнати со користење на техниката наречена Соматски клеточен јадрен трансфер (СТНЦ).
Процесот се состои од отстранување на јадрото на јајце клетката и нејзина замена со јадро од телесна клетка на друго животно. Реконструираната јајце-клетка потоа се развива во клон на животното од кое било заменето јадрото.
Жонг и Хуа не се првите клонирани мајмуни. Претходните беа креирани со употреба на далеку поедноставна техника наречена „поделба на ембриони“.
Од клонирањето на овцата Доли во Шкотска во 1996 година, научниците со методот СЦНТ успеаја да клонираат повеќе од 20 различни животински видови, вклучително и крави, свињи, кучиња, зајаци, стаорци и глувци. Но, за разлика од другите цицачи, досега беше тешко да се реплицираат приматите.

Klonschaf Dolly
Овцата Доли е најпознатиот клон во светот. Фотографија: picture-alliance/AP

„Клонирањето на вакви не-човечки примати ќе ни овозможи добар животински модел за проучување на човечките болести и здравје. Ова е научно истражување од пионерска важност од страна на кинеските научници“, вели Баи Чунли, претседател на Кинеската академија на науки.

Проценките се дека овој успех ќе го отвори патот за клонирање и на луѓе, но научниците предупредуваат дека претходно мора да се утврдат строги стандарди кои треба да се почитуваат ширум светот.

Кинеските научници клонираа мајмуни