1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Кинески робот доби лекарска диплома

СН/ агенции
23 ноември 2017

Сјао Ји повеќе од една година се „подготвуваше“ за државниот испит по медицина- и успешно го положи. Го чека работа во болница како „подвижна енциклопедија“.

https://p.dw.com/p/2o8Mj
China Snigles Day Wirtschaft
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K.Cheung

Роботот Сјао Ји, развиен на Универзитетот Цинхуа, го положи државниот испит по медицина. Сјао Ји освои 456 поени на испитот, за чие полагање  се доволни 360 поени. Роботот го подготвуваа испитот од јуни 2016 година. Научниците од универзитетот во „мозокот“ на Сјао Ји вметнаа информации од десетици учебници.

Доктор Робот

Сепак, и покрај положениот испит, роботот нема да работи како лекар, туку  ќе им помага на лекарите и на останатиот медицински персонал како „движечка енциклопедија“