1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипарскиот министер за финансии поднесе оставка

ЕМФ/дпа/афп/шпигел2 април 2013

Кипарскиот министер за финансии Михалис Сарис поднесе оставка. На интернет страницата на кипарскиот весник „Филелефтерос“ стои дека негов наследник треба да биде досегашниот министер за труд Харис Георгијадес.

https://p.dw.com/p/188CJ
Фотографија: Reuters

Министерот за финансии на Кипар, Михалис Сарис, својата оставка ја обелоденил по завршувањето на разговорите со меѓународните инвеститори за пакетот помош тежок милијарди евра. Тој изјави дека дава оставка за да ја олесни истрагата во рамки на банкарската криза во земјата.

Конзервативниот весник „Филелефтерос“ јавува дека досегашниот министер за труд, 41-годишниот Харис Георгијадес, ќе биде наследник на Сарис.

Уште за време на посетата на Сарис на Москва предминатата недела имаше гласини за тоа дека министерот за финансии ќе поднесе оставка, пишува весникот „Политис“. Оставка на Сарис, освен тоа, во повеќе наврати бараше и поглаварот на Православната црква на Кипар, која има големо влијание во земјата.