1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипарски Анортозис исфрлен од Лига Европа

БГ/бета14 август 2012

Дисциплинската комисија на УЕФА соопшти дека кипарскиот клуб Анортозис е исфрлен од квалификациите за Лига Европа поради инцидентот кој го предизвикаа неговите навивачи.

https://p.dw.com/p/15pL2
Фотографија: AP

Скандалот се случи на возвратниот дуел на Анортозис против грузискиот Дила Гори. Првиот меч во Грузија Кипраните го добија со 1:0, но во реванш-мечот од третото коло на квалификациите на 9. август, тие губеа со 0:3, поради што навивачите влегоа на теренот и го прекинаа натпреварот на 10 минути пред крајот.

Освен што е исфрлен од натамошниот тек на натпреварите, Анортозис следните три меча како домаќин во меѓународните натпреварувања ќе мора да ги игра пред празни трибини, а ќе мора да плати и казна од 50 илјади евра.

Кипарскиот клуб има рок од три дена да вложи жалба до Европската фудбалска федерација на оваа одлука.