1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар – атмосфера на референдумот за обединување

24 април 2004

Околу половина милион граѓани на Кипар со право на глас денеска гласаат на референдум за обединување на три децении поделениот остров

https://p.dw.com/p/AcNx
Грчките Кипрани велат „не„
Грчките Кипрани велат „не„Фотографија: AP

Гужва на аеродромот во Ларнака, на југот од Кипар. Многумина се дојдени да ги пречекаат нивните роднини од странство, кои допатуваа специјално за да гласаат на рефендумот. Точни бројки за нивниот број нема никој.

Евдокиа го чека нејзиниот брат од Атина, но не сака да каже како ќе гласа:

“Мојот глас е тајна, не можам да кажам ни да, ни не!“

Нејзината мајка, 85-годишната Ана, родена во северниот дел од Кипар и по интервенцијата на турската армија преселена во јужниот дел, е многу поодлучна:

“Не, не е никаква тајна: ќе гласаме со не! Уверени сме дека треба да кажеме не! Планот не функционира, тоа го велат сите!“

Зошто пак тој не функциониера, малку повеќе можеше да појасни Елефтериа, која исто така на аеродромот чека роднини:

“Планот на Анан оди на штета на грчките Кипрани. Турција добива интервенционистички права на Кипар и подоцна доселените Турци од нивната татковина можат да останат овде, според планот. А ние не можеме да се вратиме на нашите огништа. Впрочем, планот на Анан е така направен, што секој може да го интерпретира како сака!“

И Елефтериа признава дека лично не го простудирала планот, но затоа разговарала со многумина, следела неброени ТВ дебати, читала статии.

На изборното место во гимназијата Ставроу, во јужниот дел на главниот град Никозија, штотуки гласаше Реа. Таа се изјасни за планот на Кофи Анан. Според последните анкети само 20 нејзини сограѓани имаат таква намера, додека дури 60 проценти има намера да се изјаснат против. А останатите се уште немаат конечен став:

“Луѓето не знаат како да гласаат, за нас се чини дека нема јасно решение, ние сме збунети. Едни политичари велат едно, други друго, ми се чини дека овој пат и тие се збунети“ - нагласува Реа. Се чини дека е и во право: јасен и тоа негативен став има само претседателот на грчкиот дел од островот Тасос Паоадопулос, додека останатите партии се чини дека се внатрешно поделени.