1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар ги бара виновниците

Јанис Пападимитриу/ Александра Трајковска2 април 2013

Судска комисија почнува со проверка на луѓе чии постапки по можност доведоа до колапс на банкарскиот систем на Кипар. Голем број прашања се отворени: кој ги делеше кредитите или што знаеше пријателот на претседателот?

https://p.dw.com/p/1887s
Фотографија: picture-alliance/dpa

Државниот обвинител Петрос Клиридис го чека голема задача - има точно три месеци да разјасни како Кипар дојде на работ на финансиски колапс. Наводно поединечни влијателни клиенти од кипарските банки добивале астрономски кредити кои не можеле да ги отплатат. „Прво мораме да ги провериме сите обвинувања“, вели Клиридис. „Можеби оние кои добивале кредити имаат објаснување зошто дел од долгот им е отпишан. Тие пред судската комисија ќе ги изнесат своите гледишта. Можно е да бидат испитани и другите повластени клиенти - со што не се имплицира авотоматски на нивна вина“, внимателен е обвинителот. Од листата имиња кои ги објави еден информативен портал, веќе многумина најавија тужби за клевети.

Пет милијарди евра пропаднаа во Атина

Вториот дел од трилерот се занимава со прашањето кој е виновен што кипарски милијарди беа вложени во грчки обврзници, за потоа долгот на Атина едноставно да биде простен. Владејачките политичари вината ја гледаат во Анреас Вгенопулус, кој до 2010 година беше шеф на денешната Лаики банка (тогаш под името Марфин банка). Тој одлучи банката да откупи државни обврзници од Грција во износ од повеќе милијарди - кога во 2011 година доверителите и’ го простија долгот на Атина, тоа воедно значеше и пропаст на Лаики банката.

„Кога еврогрупата расправаше за простување на грчките долгови, поранешниот претседател на Кипар Димитрис Христофијас се согласи со таа мерка не барајќи ништо за противуслуга“, се брани од обвинението Вгенопулус. „Нашата Лаики банка како и Банката на Кипар поседуваа грчки обврзници во вредност од пет милијарди евра. Тогашниот претседател рече Да за простување на долговотие. Како да не знаеше дека тоа ќе ја упорпасти неговата земја!“ Андреас Илијадис, бившиот шеф на Банката Кипар исто така го отфрлува обвинувањето дека неодговорно купил грчки обврзници.

Претседателот негира

Конзератиовниот претседател на Кипар Никос Анастасијадис посебно е заинтересиран за тоа судската комисија да ја пронајде вината за колапс на земјата. Меѓутоа под нозе му гори и на самиот Анастасијадис - опозицијата го обвинува дека го информирал семејството на својот зет дека наоаѓа финансиска криза, кое повлекло 21 милиони евра од кипарската во лондонската банка. Трансакцијата се одвивала само три денови пред ЕУ да побара од Никозија да ги оданочи штедачите.

Zypern Präsident Anastasiades Nikosia
Претседателот Никос АнастасијадисФотографија: Reuters

„Ниту однапред знаев што ќе одлучи еврозоната, ниту беше можно да водам битка со европските претставници и истовремено да проследувам информации“, вели претседателот Анастасијадес. Тој дополнува дека судската комисија мора „немилосрдно да ги истражи сите обвинувања дури и кога се работи за мене лично или моите роднини“.

Познавачите на состојбите сметаат дека единствено со целосно и независна истрага претседателот ќе може да ја здржи функцијата. Имено се’ повеќе политички опции на Кипар се противат на мерките за штедење и бараат референдум за останување на Кипар во еврозоната. Ако Анастасијадес сега си замине од власта, тогаш референдумот на Кипар ќе биде извесен.