1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар е критичен колку Грција

ЕМФ/дв4 јуни 2013

Рејтинг агенцијата „Фич“ повторно ја намали кредитоспособноста на Кипар. „Фич“ оценува дека спроведувањето на програмата за помош на оваа земја е во опасност.

https://p.dw.com/p/18jHQ
Фотографија: Fotolia/zest_marina

Рејтингот на влоговите кои биле вложени според странско право е намален од оценката Б на Б-, соопшти „Фич“. Оваа рејтинг агенција толку лоша оценка, покрај Кипар, и‘ има дадено само уште на Грција. Уште појасен е падот на рејтингот на кипарските државни обврзници. „Фич“ тука оценката од Б ја спушти на ЦЦЦ. Агенцијата смета дека при евентуално преструктуирање на долговите на Кипар, инвеститорите би загубиле дел од своите пари. Прогнозата за двата вида обврзници е негативна, соопшти „Фич“ во Лондон.

Fitch / Ratingagentur / Rating

Одлуката на „Фич“ е образложена со опасностите по економскиот развој на Кипар. Земјата нема флексибилност за да се снајде со домашните и надворешните шокови. Поради тоа, во опасност е доведено и спроведувањето на програмата за санација, која Кипар ја договори со Тројката (ЕУ, ЕЦБ, ММФ). „Фич“ проценува дека рецесијата во Кипар ќе биде поголема отколку што тоа го претпоставува Тројката. Затоа на земјата ќе и‘ биде потребно повеќе време за намалување на долговите.