1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

270610 Kirgistan Abstimmung

28 јуни 2010

На референдумот во Киргистан граѓаните го прифатија новиот Устав на земјата, соопшти вчера преодната влада. Изјаснувањето на граѓаните помина мирно и со голема излезност.

https://p.dw.com/p/O4pH
Фотографија: AP

Не помина долго откако избирачките места беа затворени, а шефицата на преодната киргистанска влада, Роза Отунбајева, веќе ги соопшти резултатите. Избирачите го изгласале новиот Устав и го отвориле патот за создавање на вистинска демократија. „Повеќе од половината жители излегоа на референдумот и на тој начин му ставија крај на режимот на претходните двајца претседатели“, истакна Отунбајева. Според нејзините информации, 67 проценти од жителите со право на глас излегле на вчерашниот референдум. Официјални резултати се` уште нема, се очекува тие да бидат објавени во текот на неделава. Остана нејасно на кој начин Отунбајева процени дека населението го прифатило новиот Устав.

Rosa Otunbayeva Präsidentin Kirgistan Kirgisien Kirgisistan Kyrgyzstan
Отунбајева релативно брзо ги соопшти резултатите од референдумотФотографија: AP

Парламентот во иднина ќе го има главниот збор

Со измешано чувство од надеж и двоумење, поголемиот дел од сите 2,5 милиони жители со право на глас вчера излегоа на референдум, на кој требаше да се изјаснат за новиот Устав на земјата. Во Киргистан се` уште се присутни ужасите од крвавите судири меѓу Киргизите и Узбеците. „Избравме мир и стабилност за Киргистан, благосостојба и интегритет на нашата земја“, вели една жена, која вчера излезе на референдумот „Сакаме да биде мирно, а оние кои можат да ни го гарантираат тоа, треба да имаат право да создадат влада. За тоа гласавме денеска.“ Друга, пак, додава: „Мора да му се стави крај на хаосот во нашата земја. Преку глава ни е од ваков живот.“

И покрај стравувањата од избивање на нови нереди, преодната влада во Бишкек остана на плановите за одржување на референдумот. Како прво, на тој начин сака од преодна, да стане легитимна влада. Како второ, со референдумот се отвора патот за скорешни парламентарни и претседателски избори. Според новиот Устав, претседателот на земјата во иднина голем дел од надлежностите му ги отстапува на парламентот. Со тоа во Централна Азија би можела да се создаде првата парламентарна демократија.

Автор: Штефан Лак/ Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска