1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребни се натамошни реформи

1 декември 2011

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги започна разговорите со новото раководство на Мјанмар. На средбата со Клинтон истакнала дека последните реформски напори во земјата охрабруваат.

https://p.dw.com/p/13KSf
Хилари Клинтон и Теин СеинФотографија: dapd

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон почна денеска разговори со претседателот на Мјанмар, Теин Сеин кои ќе одлучат за понатамошните односи на двете држави, нагалсувајќи дека е охрабрена од реформските чекори на новиот режим по деценија на репресии и изолација. Клинтон  притоа нагласила дека САД се подготвени да ги ублажат санкциите против Мјанмар доколку реформите во земјата продолжат. Американската министерка за надворешни работи покрај тоа му порачала државното раководство на Мјанмар дека треба да ги преиспита односите со режимот во Северна Кореја.

Hillary Rodham Clinton Myanmar
Историска средба меѓу американскиот државен секретар Клинтон и претседателот на МјанмарФотографија: dapd

Мјанмар има тајна атомска програма?

Таа треба да се сретне и со лидерот на демократското движење во Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, добитничка на Нобелова награда за мир.Претседателот Теин Сеин поздрави „ново поглавје во односите“со Вашингтон за времена разговорите во главниот град Најпјидав. По речиси пет децении  владеење на воената хунта, Мјанмар од март годинава повторно има цивилна влада. Досега се отпуштени повеќе од 300 политички затвореници и започна дијалог со водачот на опозицијата Аунг Сану Су Ќи. Клинтон треба да се сретне и со Сан Су Ќи. Според американски владини кругови, Клинтон има намера да побара Мјанмар да потпише договор со Меѓународните атомски власти. Во минатото постојано имаше шпекулации дека оваа азиска земја работи на тајна атомска програма.

Автор:АТ/СН/дпа/мф/ртр

Редактор: Симе Недевски