1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клинтон најавува: дипоматија наместо војна

Ралф Зина14 јануари 2009

Идната шефица на Стејт департментот, Хилари Клинтон, најави промена на курсот на американската надворешна политика. Таа порача дека ќе се раководи од принципот на „интелигентна моќ“.

https://p.dw.com/p/GY22
Клинтон сака промена на приоритетите во надворешната политикаФотографија: AP

Новата американска надворешна политика нема да се потпира врз закоравена идеологија, туку врз принципи и прагматизам, порача Хилари Клинтон пред колегите од американскиот сенат, на кој и таа се’ уште му припаѓа.

„Наша цел ќе биде да создадеме свет во кој Америка ќе има повеќе партнери, а помалку непријатели. Америка не може сама да ги реши итните светски проблеми, но исто така ни светот не може да ги реши проблемите без Америка“.

Затоа идната влада на САД ќе и’ даде предност на дипломатијата пред воените решенија. Тоа не значи откажување од воените средства, тие ќе бидат и понатаму нужни, но само како крајно средство за да го заштитиме нашиот народ - порача Хилари Клинтон. Ова се однесува и на Иран, каде што воената опција не е исклучена, бидејќи САД со загриженост гледаат на иранската поддршка за меѓународниот тероризам, како и на нуклеарните амбиции на таа земја.

„Ниту една опција не е отстранета...“, порача Хилари.

Iran test Trägerrakete für Satelliten Irans Präsident Ahmadinejad inspiziert eine Trägerrakete
САД и натаму се загрижени околу иранската поддршка на тероризмотФотографија: AP

Напори за решавање на конфликтот на Блиски Исток

Идната шефица на Стејт департментот се осврна и на акутно разгорениот конфликт на Блискиот Исток, нагласувајќи дека новата администрација во Вашингтон на чело со претседателот Барак Обама ќе ги вложи сите можни напори за да го прекине конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

„Избраниот претседател и јас имаме разбирање и длабока симпатија за желбата на Израел да се заштити од ракетите на Хамас. Исто така, загрижени сме за трагичната хуманитарна ситуација и страдањето на палестинските и израелските цивили. Тоа само треба да ги засили нашите настојувања за склучување на мировен договор, што ќе им донесе реална сигурност на Израелците и нормални односи со соседите, како и независност, економски просперитет и сигурност на Палестинците во нивна држава“.

Obama Symbolbild Gazakonflikt
Блискиот исток останува во фокусот на политиката на Барак ОбамаФотографија: AP/dpa/ Fotomontage: Albrecht Schrader

Пријателски односи со Европа

Хилари Клинтон пред Одборот за надворешна политика на американскиот сенат се изјасни и за продлабочување на традиционално доверливите односи со Европа. Иако разликите во мислењата се неизбежни, таа најави дека новата американска администрација ќе им подаде рака на Европејците, притоа именувајќи ги посебно Германија, Франција и Велика Британија, како и новите демократии од источна Европа. Конечно, Клинтон најави дека има намера да соработува со Русија и со Кина, особено на полето на економијата, меѓународната безбедност и неширењето на атомското оружје.