1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кноц жали за недоразбирањето

Горан Петрески17 март 2009

По остриот протест од македонското министерство за надворешни работи, германската амбасадорка во Скопје, Улрике Кноц изрази жалење за недоразбирањата кои ги предизвика нејзината изјава дадена на Педагошкиот факултет.

https://p.dw.com/p/HDvE
Министерството за надворешни работи во БерлинФотографија: dpa Zentralbild

Во соопштението од германската амбасада во Скопје се наведува дека амбасадорката Улрике Кноц само го цитирала резултатот од една работилница од јануари 2009 година во која младинци од Македонија, Германија и Франција ја опишале нивната замисла за Македонија во 2020 година. Во соопштението се додава дека станува збор за визија од младинци. „Целта на цитирањето било да се поттикне дебата, а изјавите никако не ја опишуваат германската политика кон Македонија“, се наведува во соопштението од амбасадата на Германија во Скопје.

Амбасадорката Кноц, во саботата за време на симулациската игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошката академија во Скопје, на која учествуваа студенти од балканот изјави: „Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова македонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, кажа амбасадорката Кноц. Ваквата изјава на Кноц предизвика реакции во македонската јавност. Македонското министерство за надворешни работи вложи официјален протест. Оттаму и било укажано на амбасадорката Кноц да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности и да не излегува од својот дипломатски мандат.

deutsche Botschaft in Skopje verleiht Auszeichnung an Srgan Kerim
Амбасадорката Улрике Кноц(архива: на фотографијата десно)Фотографија: Petr Stojanovsk