1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: Помош од најверниот човеков пријател

СН/дв
29 август 2020

Кучињата имаат 330 милиони сензори за мирис и нивната способност да детектираат мириси е 50 пати поголема од онаа на луѓето. Затоа многу земји во време на пандемијата на коронавирусот посегаат по помошта на најдобриот човеков пријател за навремено „намирисување“ на заразата. Меѓу нив е и Германија. Пилот-проектот дава ветувачки резултати.

https://p.dw.com/p/3gt9E

Коронавирусот нема мирис, туку инфекцијата доведува до промени во метаболизмот, односно се создава одреден вид пот што кучето може да го открие.

Кучињата можат да детектираат туберкулоза, паразитски инфекции, па дури и раните фази на рак. 

Тие исто така можат да регистрираат мали промени во температурата, што може да помогне да се утврди дали некое лице има треска.

Повеќе:

-Германија тренира кучиња за откривање на коронавирусот

Токму поради овие причини германската армија- Бундесверот обучува кучиња за да можат да го намирисаат коронавирусот. Првичните ветувачки резултати велат дека кучињата со голема сигурност ги препознаваат заразените со „Ковид-19“ од примероците на нивната плунка.

Целта на пилот-проектот е  кучињата да се обучат да препознаваат лица заболени од Ковид-19, на пример на аеродромите или на влезовите на големите настани.