1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаАфрика

Кога поткуп одлучува кој ќе добие кислородна поддршка

Давид Ел
3 август 2020

Во Зимбабве со потешкотии се справуваат со аферата „Ковидгејт”, во Камерун недостигаат 40 милиони долари. Во борбата против короната ризикот за корупција е висок како никогаш претходно. Како Африка да се одбрани од тоа?

https://p.dw.com/p/3gF1E
Coronavirus | Simbabwe Polizei bei Protest von Krankenschwestern
Полицајци во Зимбабве бркаат медицинска сестра која протестира пред државната болница во Хараре (6.07.2020)Фотографија: picture-alliance/AP Photo/T. Mukwazhi

Од почетокот на пандемијата на корона насекаде во светот се мобилизираат впечатливи суми: милијарди, понекаде и илјади милијарди, кои се одлеваат за заштитна опрема, за здравствениот сектор, за пакети за итна помош за економијата и секако и во науката. Најголемиот дел од парите останува во индустриските земји. Но, дел се одлева и во Африка - на пример 2,2 милијарди евра од Европската комисија за земјите од супсахарска Африка.

Вакцина за коронавирусот се тестира и во Африка

Не изненадува дека напливот пари подгрева апетити. „Корупцијата не се мери ни во нормални времиња”, вели Сара Штајнгрибер, која е независен советник и специјалист за антикорупциски мерки во делот на глобалното здравје.

„Секако дека за време на пандемија е неспоредливо потешко - сега мора опремата и производите да дојдат и до целта.” Заради временскиот притисок на многу места се ставени вон сила механизмите за сузбивање на корупција.

Повеќе: Во клештите на коронавирусот

Заштитни маски за 28 долари по парче

Во Зимбабве, сега веќе сменетиот министер за здравство, Обадија Мојо, е во средиштето на скандалот „Ковидгејт”, откако нарачал прескапа заштитна опрема за јужноафриканската земја. Меѓу другото, се работи за заштитни маски за 28 долари по парче, што во Зимбабве е еднакво на просечна месечна плата. Зделката, која сега веќе е откажана, изнесувала околу 60 милиони американски долари. Мојо неделава ќе се најде во судница. Локалната директорка на Транспаренси Интернешнл за Зимбабве, Мучанета Мундопа, стравува дека Мојо бил само посредникот, а не вистинскиот профитер од бизнисот.

„Прашањето кои се вистинските сопственици на преферираната компанија сѐ уште не е расчистено", вели таа за ДВ. Откако излезе фотографија на шефот на фирмата со Колинс Мнангагва, синот на претседателот Емерсон Мнангагва, не престануваат да се шират гласини за вмешаност на фамилијата на претседателот.

Скандалот излезе во јавност преку истрагата на познатиот новинар Хоупвел Чиноно, кој минатата недела беше уапсен под сомнителни околности. За разлика од екс-министерот за здравство Мојо, судијата на новинарот не му дозволи да се брани од слобода со плаќање на кауција. „Тоа кажува многу за политичката волја да се сузбие корупцијата во Зимбабве”, вели Мундопа. Таа смета дека нема да има брза осуда на Мојо.

Coronavirus | Simbabwe Gesundheitsminister verhaftet
Отпуштениот министер за здравство Обадија Мојо опкружен со полицајци во цивилФотографија: picture-alliance/AP Photo/T. Mukwazhi

Со поткуп до пократок карантин

Транспаренси интернешнл Зимбабве работи на студија за корупција во здравството, вели Мундопа. „Не е готова, но веќе може да кажеме дека има корупција и во фармацијата и т.н.’корупција за преживување’, кога недоволно платен медицински персонал прима поткуп.”

. „Може да замислите ако мора да бидат приклучени 50 пациенти истовремено, кому попрво ќе му се помогне - на грбот на обичниот граѓанин”, вели Мундопа.

Од различни африкански земји од почетокот на пандемијата се јавува за случаи во кои индивидуи си купиле предвремен прекин на карантин наложен од властите.

Поголем скандал изби и во Камерун, каде хуманитарна помош и кеш пари во вредност од 40 милиони американски долари исчезнале, а 4000 вреќи ориз наменети за лица кои заради  корона западнале во Во најголемата болница во главниот град Хараре имало седум респираторипотешкотии, наводно биле продадени. Тамошниот министер за здравство Манауда Малаши ги отфрла обвинувањата и вели дека сите донации биле распределени под надзор на набљудувачи. Генерално важи дека секој случај на корупција ги загрозува успесите во справување со пандемијата и придонесува индиректно за нејзино натамошно ширење. 

Simbabwe Hopewell Chin’ono
Протест за ослободување на новинарот Хоупвел ЧиноноФотографија: picture-alliance/AP Photo/T. Mukwazhi

Граѓанско општество со врзани раце

Покрај историски високите суми кои се претураат напред-назад во борбата против короната, постои втор фактор кој остава простор за корупција во Африка – ограничувањата во јавноста како мерки за заштита од ширење на инфекцијата се особено строги. Меѓу другото, во Јужноафриканската Република, каде има повеќе од 450.000 потврдени случаи и дневно по илјадници новозаразени и е една од најпогодените земји, се забранети собири. „Опасноста од корупција тука е очигледна, но сега граѓаните не смеат да се собираат. Таму каде што во минатото протестите беа ефикасен инструмент на граѓанското општество, сега им е тешко да извршат притисок“,  вели Сара Штајнгрибер за ДВ. Притоа, многу луѓе имаат други поважни грижи поради лошата економска ситуација во која се западнати.

Во Малави, поради забраната за собири граѓанското општество речиси и да нема можност да се изврши притисок врз владата, вели Штајнгрибер. Новоизбраниот претседател Лазарус Чаквера всушност доби поддршка поради ветувањето дека ќе се бори против корупцијата – но повеќе членови на неговиот нов кабинет се обвинети за корупција.

Во Зимбаве директорката на Транспаренси, Мучанета Мундопа, ја обвини владата за заплашување на граѓаните со 12-часовна забрана за движење: „Државата ја користи ситуацијата со корона за да ги прегази човековите права и да го ограничи просторот за делување на граѓанското општество“, вели Мундопа за ДВ. 

Coronavirus  Simbabwe Afrika Krankenhaus
Во најголемата болница во главниот град Хараре има премалку респираториФотографија: picture-alliance/dpa

Што помага против корупција?

Транспаренси Интернешнал уште во мај со план од четири точки ги повика африканските влади да бидат што потранспарентни, особено при распределбата на средствата за помош за корона. Тоа се’ уште недостасува, но сепак има првични иницијативи кои тоа го прават со едноставни средства, вели Сара Штајнгрибер. Како пример ја наведува иницијативата на активисти и новинари во Боцвана, кои ги анализираат јавните бази со податоци на владините веб страници, но и лични профили на политичари и менаџери на социјални мрежи како Линкдин или Фејсбук – при што дојдоа до неверојатни сознанија.

За време на Ковид-19 пандемијата средства исчезнуваа и поради недостаток на канали за дистрибуција, вели Штајнгрибер. Поради тоа, таа препорачува помошта за корона да се пренасочи преку постоечките структури на мултилатералните организации како Сојузот за вакцини Гави и Глобалниот фонд.

Пандемијата покажа колку малку е вложено во борбата против корупција, вели Штајнгрибер. „Се надевам дека Ковид-19 е повик за будење за борба против корупција во здравството.“

Ковид-19: Импровизирани прегради за безбеден училишен ден