1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога ќе почне меѓупартискиот дијалог во Македонија?

Александар Чомовски16 ноември 2006

Вчерашното двотретинско мнозинствo при освојувањето на новите правила за следење и за комуникациите, кaко и претходно законот за полиција се видливи знаци на парламентрна соработка власт опозиција во македонскиот политички табор. Но албанско – албанскиот дијалог, и средбата Груевски - Ахмети виси во воздух.

https://p.dw.com/p/Adaz
Македонското собрание
Македонското собраниеФотографија: aptn

Една брзоплета телевизиска изјава на премиерот со која припадниците на ОНА ги нарече терористи ги сведува на минимални шансите за средба меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот Никола Груевски „Поодговорно кога дава изјави, особено за 2000та година. Бидејќи мислиме дека ако се вратиме на таа реторика секако дека Албанците, Никола Груевски го гледаат како терористи.“ oваа реакција на Расит Салити ДУИ е јасен сигнал. Лидерот Ахмети сеуште размислува дали за време на викендот да замине во Мaврово, на традиционалното партиско дружење, власт опозиција со меѓународното модерирање.

„Му нудам на господинот Ахмет, каде сака, како сака да го отвориме тој дијалог, но несемееме да заборавиме дека политичките партии, политичките групации не смее да украдат туѓи политички платформи.“ реагираше и Мендух Тачи поптретседател на владеачката Демократска партија на Албанците.

Во ова интермецо на македонската политичка сцена, претседалтелот Црвенковски од Турција прати сигнал „ Мислам дека треба да се отвори суштински дијалог. Значи сите политички субјекти да бидат дел од еден процес на изнаоѓање на заеднички решенија во спорведувањето на овие реформирми кои ги почнавме или допрва треба да ги отпочнеме. Јас сум подготвен и самиот да бидам иницијатор на една траква средба.“

Идејата на ДУИ претседателот Црвенковски да организира лидерски самит околу реализацијата на Ремковниот договор откако се конфронтираа ставовите околу донесувањето на законот за полиција и примената на Бадентеровото правило, пред два месеца ја одби премиерот и шеф на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Македонија деновиве доби негативни оценки и позитивна стимулација од Брисел. ЕУ и забележува на владата и ја поттикнува за позитивна кохабитација власт опозиција, особено во зачувувањето на меѓуетничкиот дијалог.