1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кои се корените на кризата во Турција?

Улрике Маст Киршнинг3 мај 2007

Мандатот на турскиот претседател Ахмед Неџет Сезар завршува на 16 мај, а изборот на неговиот наследник ја втурна Турција во длабока политичка криза и очигледно во општествен кофликт: борбата околу националниот идентитет.

https://p.dw.com/p/AdrX
Истанбул
ИстанбулФотографија: AP

Многумина Турци стравуваат од растечка исламизација во политиката, доколку идниот претседател се постави од редовите на владејачката партија АКП. Имено трите највисоки слуги на народот: премиерот, парламентот и претседателот во таков случај ќе бидат исламисти. Уставниот суд додуша ја анулираше првата рунда на претседателските избори, но премиерот Реџеп Таип Ердоан и натаму сака да се обиде, министерот за надворешни работи Абдула Ѓул да стане претседател преку повторување на првиот круг избори планирано за во недела.

Војската чувар на кемалистичка Турција

Веднаш по гласањето кое во меѓувреме е анулирано, шефот на турскиот генералштаб Јашар Бјуканит изјави ”Како граѓаните на оваа земја, така и припадниците на турските безбедносни сили се надеваат, дека за претседател на државата ќе биде избрана личност, која целосно ги прифаќа осоновните карактеристики на нашата република. Но него конечно ќе го избере парламентот.”

Ова звучи како политичко мешање кое би можело да биде сфатено и како закана за воен пуч. Но со кандидатурата на водечки претставник на владејачката АКП за функцијата претседател, во редовите на војската владее вонредна сосотојба. ”За војската како чувар на кемлиситичката република има две црвени линии: Едната е она што на турски се нарекува Ириџа, односно исламизам. Другата е она што военото раководство го нерекува курдски сепаратизам, тоа значи ПКК , бидејќи двете работи од апсект на војската ја загрозуваат егзистенцијата на кемлистичката република.” вели Хајнц Крамар, експерт за Турција на Германската фондација за наука и политика во Берлин.

Додека кај курдските сепартатисти станува збор за желбата за сопствен јазик и култура, кај изборот на државен претседател доминира прашањето: дали кандидато е претставник на секуларниот систем.

Но министерот за надворешни работи Абдула Ѓул, член на исламско конзервативната АКП се чини дека не е таков. Освен тоа неговата сопруга носи шамија. Како идна прва дама, на политичката сцена ќе биде видливо и нејзиното прифаќање на исламот. Ова е кршење на табу во очите на многу кемлисти.

Религијата може да биде изразена и во демократски рамки

И додека во реалноста поделбата на религијата и државата во Турција повеќе се состои во бирократска контрола на ислмаот, на премиер преку државната служба за религиозни работи, проминенти претставници на АКП ја застапуваат тезата дека и религијата може јавно да биде изразена во рамките на демократијата. Како на пример преку носење шамија, што е можно во други секуларни општетва на Европа.

Но се заканува ли навистина марш на исламкстата република или зошто отпорот, кој исто така може да се види и на уличните протести е толку голем?

Месут Јилмаз поранешен премиер на Турција во 90 тите години вака го опишува стравот на неговите согрѓани. "Стравот на Турците од воспоставување на религиозна држава би можело да биде спореден со чувствителноста на Германците од национал – социјализмот. Лаицизмот е важна основа на турскиот устав, кој поседува вечен карактер. Тоа значи дека лаицизмот поставува неотповиклив принцип на турската држава и не може да биде порменет.”

Но ставот на демонстрантите кои очигледно припаѓаат на различни политички табори оди и во друга насока, тарнспарент на кој пишува ”Ниту шарија ниту пуч” ова многу јасно го искажува ” Од друга страна, тоа го покажува барањето да нема пуч и е израз на демократските сили, кои се разбираа не саката враќање во времињата на военото владеење од 1980 или 1960 , туку се застапуваат за демократија.” вели Крамер од гермаснката фондација за наука и политика.

Во односот со кризата, научникот на политичарите им препишува присебност, бидејќи можеле да го изостават она што би можело да ја подгрее ситуацијата. Легитимен е и првиот круг за избор на Ѓул за претседател смета Крамар но исто така е легитимно тоа што при гласањето ја немаше опозцијата. А тоа што турските генерали досега не извршија пуч според експертот се должи само на јасните предупредувања од Вашингтон и ЕУ, сепак до новите избори војската сигурно нема безгласно да се повлече во касарните "Војската во основа земено нема друга опција отколку сега да се обиде во чекор со кемлистичкта опозиција, со другите државни институции, со дел од медиумите, изборниот успех на АКП , кој што е веројатен, да го држи колку што е можно на пониско ниво.”