1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кои се проблемите? И како Македонија ја претставува својата култура во светот?

Нада Штајнман2 ноември 2005

Културата има најмалку проблеми вво процесот на децентрализација во Македонија. Сепак тоа е тежок и болен процес и времето ќе покаже дали малите општини се способни да оддржуваат квалитетно ниво на културата, вели во интервју за Дојче Веле македонскиот министер за култура Благоја Стефановски.

https://p.dw.com/p/AeUD
Фотографија: AP

Актуелна тема во Македонија е статусот на писателите. По Втората Светска војна пишаниот збор го задржа идентитетот на Македонците и покажа дека е стара нација. Сега доживуваме една ситуација кога писателите не знаат од што да живеат и работат во понуживачки услови. Што се случува?

„Незнам од каде Ви е таа констатација. Јас не мислам така. Денес имаме издавачки куќи, книги кои се подржани како национален интерес на годишниот конкурс, и сметам дека ваквите куќи не раснат ако немаат интерес. Сметам дека некои дела кои биле заштитени, тој дел веќе не опстојува, тие треба да сметаат на друг менаџерски дух во нивните издавачки куќи. Предимензионрана е таквата работа. Општа состојба е дека плачеме и кукаме во сите делови на уметноста, а сеуште сакаме да продолжиме и на вештачки начин, некој тип од некакво минато време и културата затоа и не беше престроена како во другите сегменти на живеење. Културата полека се престројува. Треба да се сфати дека не можеме да плаќаме програми, кои не се од национален интерес, не можеме да препечатуваме книги со разни наслови и од тоа да се добиваат хонорари со години, со видоизменети детали.“

Информацијата е од МИА, меѓутоа можам да се надоврзам, имете право кога велите дека издаваштвото во Македонија доживеа бум, но едно такво издаваштво на саемот на книгата во Франкфурт се покажа на многу незавиден начин. Во споредба со другите штандови во околината како Хрватска или Србија и Црна Гора, македонскиот штанд немаше идеја, немаше размисленост, немаше книги. Македонија, која како национален интерес има да оди во ЕУ, зошто пропушта да се презентира европски на вакви саеми?

„Здружението на издавачите конкурира на годишната програма, и тие во името на здружението доаѓаат со бројката која ја презентираат во Франкфурт. Имаше, меѓутоа повеќето беа албански издавачи, само Магор беше, другите не нашле засходно тоа да го направат. Делот на импровизации заврши, и ние нема да го толерираме тој тип. Тој дел на презентација во светот, е сигурно во делот на конкурсите. Меѓутоа ако тие не застанат зад тоа, ние ќе го направиме во форма на обврзување на книгите кои ги финансираме, да останат во таков број, со што ние на таквите големи саеми ќе пуштаме свои примероци од книгите кои сме ги поддржале.“

Презентацијата на овој саем не ја прикажа реалната ситуација, затоа што имаше гости на саемот и прашуваа за македонската историја и македонските археолошки ископини. Меѓутоа немаше никаква литература. Дали за тоа не е задолжено министерството да се погрижи културното богатство на Македонија да се презентира на еден ваков саем, кој е и политички саем?

„Да не импровизираме. На годишниот конкурс, значи каде што се и самите, треба да се интересираат издавачите. Тие што конкурираат на програмата од национален интерес за издавање на книги, тие се тие кои определуваат за издавачи кои ќе ги претставуваат. Очигледно таму не функционира. Се согласувам дека сигурно за тоа трпи презентацијата на македонската култура. Неможам тоа да го сфатам дека на тој начин и така неодговорно се однесуваат некои издавачи, кои што сакаат очигледно да манипулираат, а манипулираат на многу начини. Еден од тие начини, е на пример добиваат пари за 1000 примероци, а печатат 300 или 200 и на тој начин добро живеат. Очигледно тие најмалку се грижат за таа презентација на македонската култура.“

Во Македонија се говори за тоа дека се нема пари и во други земји нема пари. На пример и во Германија нема пари за културата. Меѓутоа сега во процесот на децентрализација кога парите се прераспределуваат на општините, а општините имаат уште помалку пари, дали ситуацијата во културата нема да страда од тоа?

„Мислам дека најмалку проблеми има културата. Културата дури одеше напред од она што го препишуваше законот. Така институциите од локален карактер уште во 2004 година, со одлука на владата, се договоривме со градоначалниците на каков начин ќе оди преземањето. Делот на децентрализација не завршува во една година, во Франција на пример трае 20 години. Во крајна линија тоа е процес и секогаш се гледаат некои слабости но и некои позитивни страни кои треба да бидат приоритети во идниот период. Се согласувам дека тоа е тежок и болен процес. Две години министерството за култура ќе финансира и во програмите и во средствата кои се определени за работните места во културата на локална самоуправа.“

Малите општини имаат многу полмалку пари отколку целата држава. Дали миоже да се случи да не се знае како ќе се обезбеди финансирање на некои проекти во помалите градови, во општините?

„ Тоа е прашање кое ќе го реши времето. Делот на пренесувањето, на таа транзиција, не завршува и не се пресекува во еден момент, туку трае подолго време.“

Говоревте за тоа дека на франкфуртскиот саем имало албанска асоцијација. Дали во другите делови на културата постои поделба по етничка основа: на пример во театарот како што е театар на албански, турски или македонски, или постои некоја тенденција, барем во областа на културата да може да се надминат етничките проблеми?

„Од здружението на издавачи овојпат добиле, како што на еден саем биле Просветно дело, на друг Култура на третиот Магор, тука добиле албански издавачи да ја претставуваат Македонија, а во тоа треба како што кога одат македонските издавачи земаат од мултикултурниот дел од живеењето на Македонија, земаат од албански и од турски, и од српски и од влашки, тоа требало да биде и сега. Оттука некои проблеми настанале, со некои рефлексии кои се дел од минатото. Ние како Министерство за култура го браниме граѓанскиот концепт, и ние сме мулти – културно општество во кое претпочитаме на сите делови на граѓаните кои живеат дека можат да пишуваат да творат да излагаат на својот јазик.“

Деновиве во Валенсија „Големата вода“ доби награда. Со филмот „Пред дождот“ Македонија, во времето на конфликтите доживеа бум. Меѓутоа во Македонија многу малку знаеме за она што ја прави Македонија во странство. Дали Македонците имаат некоја арогнатност, дали имаат непочитувањње, или не постои коплективна свест за она што е добро во македонската култура?

„Сето ова што го зборувате има некои делови на вистината, ние треба да се соочиме со тој факт. „Големата вода“ донесе четири награди, „ Балканкан“ донесе исто така награди, тој е најгледаниот филм на Балканот. „Илузија“ беше на фестивалот во Јапонија. „Караула“ во следната година, филм кој ги обедини сите земји се сними во Макеоднија под водство на Рајко Грлиќ. Филмот во најголемиот дел ја претставува Макеоднија, еден од кандидатите за големите фестивали Берлин и Кан. Сите тие работи ги правиме и во претставувањето на Венецијанското биенале секоја година. Во сите сегменти се презентираме. Зошто тоа и медиумите не го пренесуваат? Зошто некои се само политички предимензионирани нешта, не го покажуваме каде што имаме најмногу да кажеме.“

Презентацијата на Македонија понекогаш зависи и од немање пари. Дали луѓето одговорни во областа на културата знаат како да дојдат до средства во странство за да ја унапредат културата во Македонија и дали постои поддршка за младите таленти, кои идат на образование во странство?

„Секоја година доделуваме на млади таленти два и пол милиони денари. Менаџментот го обучуваме со совети од разни експерти од Европа. Факт е дека никогаш не е доволно презентирањето и никогаш не се доволно пари за културата како што ги нема и во развиените земји. Секаде се парите во културата проблем. Заштитата на културното наследство е дел во кој користиме многу странски фондови. Тоа го надополнува недостигот во реалниот буџет.“

Им забележувате на новинарите, вие доста ја пофаливте македонската културна сцена. Меѓутоа каде се вашите забелешки? Што Вие би поправиле?

„Уште многу нешта ги знам каде се слабостите. Заеднички треба да напредуваме. Јас не ги критикувам новинарите, само кажувам дека треба Македонија да ја ставиме на светската културна мапа.“