1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Колку е моќен Ковакс за рамноправна распределба на вакцини?

Стефани Хепнер
9 јуни 2021

Меѓународната иницијатива Ковакс се обидува да обезбеди вакцини против коронавирус за посиромашните земји. Земјите донатори неодамна ветија нови милијарди дози, но реализацијата на проектот останува тешка.

https://p.dw.com/p/3uZ4u
Corona-Impfung im Südsudan
Фотографија: Andreea Campeanu/Getty Images

Светската здравствена организација со месеци апелира до богатите држави да донираат вакцини против коронавирус во интернационалната иницијатива Ковакс (COVID-19 Vaccines Global Access), но досега со умерен успех. Додека држави како Германија, според Институтот Роберт Кох, во меѓувреме вакцинирале околу 45% од своето население најмалку со прва доза, во некои земји вакцинирањето тукушто почнува. Во земји како Танзанија и Чад имунизацијата воопшто не е ни почната. „Нерамномерноста во вакцинирањето е голем предизвик: 75% од дозите вакцини се отидени во само десет земји. Во државите со ниски примања се стигнати помалку од еден процент од сите дози вакцини досега. Тоа за жал претставува опоравување од пандемијата на два колосека“, констатира и СЗО во писмен одговор до Дојче веле.

Се чини дека во минатите денови дојде до пресврт: Ковакс при виртуелна донаторска конференција неодамна собра 2,4 милијарди американски долари дополнителни средства, 400 милиони повеќе од очекуваното. Врз основа на ветените донации, Иницијативата според сопствени наводи може да обезбеди 1,8 милијарди дополнителни дози вакцини за луѓето во посиромашните земји.

„Капки на жежок камен“ 

Со најновите ветувања, Ковакс може ќе се приближи чекор понапред кон остварување на својата цел за рамноправна распределба на вакцините.  Но, од аспект на хуманитарните организации, ангажманот не досега доволно, критикува и Марајке Хазе, референт за меѓународна здравствена политика во организацијата „Леб за светот“, во разговор за Дојче веле: „Земјите секако ги следат првенствено своите сопствени стратешки интереси и донираат најчесто директно на пријателските нации. За поправедна распределба, според наше мислење, тоа треба да оди преку Ковакс.“

Повеќе:

2,4 милијарди долари за Ковакс-вакцини од богатите земји

Кои земји сѐ уште немаат добиено вакцини?  

Бајката за рамномерна распределба на корона-вакцините

САД на пример пред кратко време ветија пратка од околу 80 милиони дози на посиромашните земји во Латинска Америка и Карибите, Јужна и Југоисточна Азија и Африка. Но, само три четвртини од нив ќе се дистрибуираат преку Меѓународната иницијатива Ковакс, изјави американскиот претседател Џо Бајден, остатокот ќе оди директно до земјите.

Доставени првите вакцини од програмата Ковакс

Освен тоа, споменатите количини претставуваат она што би се нарекло „капки на врел камен“, критикува Хазе: „Тоа се само краткорочни решенија“.  Потребното обновување на вакцинирањето и ширењето на нови мутанти бараат поголеми напори. „Постојано ќе доаѓаме во ситуација посиромашните земји да не можат да обезбедат вакцини и тука Ковакс не е доволен“. Хазе бара и укинување на заштитата на патентите за вакцини за време на пандемијата, но ЕУ ова засега го одбива.

Индија отпаѓа, барем привремено

Голем удар Ковакс ќе доживее и со запирањето на извозот на вакцини од Индија. Серумскиот институт од Индија беше еден од наголемите донатори на вакцини во светски рамки. Но, донесена е одлука да не се изнесуваат веќе вакцини надвор од земјата, веројатно до октомври. Првично беше планирано извозот да стартува повторно во јуни. Со тоа ќе недостигаат повеќе милиони планирани дози. Најголемиот светски производител на вакцини, Институтот за серуми во Индија, продуцира вакцини против коронавирус за британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека и досега беше најважниот извор за вакцини за Африка.

Индија: Новиот бран на коронавирус наликува на цунами

Но, Индија моментно е самата силно погодена од пандемијата. Првично најавениот извоз беше ветен во време кога Индија бележеше релативно ниски бројки на инфицирани. А потоа пролетта седумдневата бројка на новоинфицирани на 100.000 жители за неколку недели се искачи на максимум од околу 200. „Ги гледаме трауматичните последици на страшниот бран на Ковид-19 во Јужна Азија, бран кој драстично ќе се одрази врз лиферувањето вакцини во светот, вклучувајќи го и Ковакс“, констатира СЗО во писмениот одговр до Дојче веле.

Останува кусоскот вакцини

Големи донации од една, отпаѓање на ивозот од друга страна: хуманитарните организации како „Леб за светот“ и на Ковакс гледаат критички: „Од наш аспект, Ковакс е систем кој во основа покажа дека не може да функционира“, вели Марајке Хазе. Од нејзино гледиште проблематична е во прв ред доброволноста на која се базира Ковакс. „Проблем е што земјите распределуваат вакцини порадо билатерално отколку преку Ковакс, што ги изнакупија сите вакцини и ги складираат. Истовремено Ковакс никогаш не е доволно финансиран и фирмите порадо им ги продаваат вакцините на оние кои можат да понудат повисока цена отколку да се ангажираат кај Ковакс.“

Хазе критички гледа и на целите на Ковакс: првичниот план беше вакцинирање на луѓето до постигнување имунитет на стадо, а во меѓувреме се зборува само за 20 до 30% од населението, значи само делче од она што би било нужно за натамошно сузбивање на пандемијата. „Од почеток посакувавме постоење друг, обврзувачки систем, втемелен врз рамноправност, кој на сите земји би им овозможил пристап до вакцини“. Затоа, ветените донации од Германија и од САД „треба да се посматраат со резерва, кога се има во предвид огромниот кусок од вакцини“, вели Хазе.