1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку досега не‘ чинеше тероризмот?

6 мај 2011

Само нападите на 11 септември 2001 година предизвикаа штети проценети на 60 милијарди долари. Вкупните штети од смртоносните злодела на терористите, на чело со Осама бин Ладен, меѓутоа не можат прецизно да се пресметаат

https://p.dw.com/p/118Dx
Нападите од 11 септември 2001 значеа почеток на многу директни и индиректни трошоци
Нападите од 11 септември 2001 значеа почеток на многу директни и индиректни трошоциФотографија: DPA

Осама бин Ладен е мртов, берзите доживеаја огномет, а цената на нафтата веднаш по веста за неговата смрт, почна да паѓа. Ова се краткорочните економски резултати од делумниот успех во борбата против терористичката мрежа Ал каеда. Тие се целосно безначајни во споредба со проценетите економски трошоци кои исламистичкиот терор и‘ ги причинил на глобалната економија.

„Нема единствена бројка која точно ги опфаќа сите трошоци од тероризмот“, вели Тилман Брик, раководител на одделението за светска економија во Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ), во Берлин. Меѓутоа, еден општ преглед за големината на трошоците сепак постои и тие се огромни.

Alan Greenspan
Поранешниот шеф на американската емисиона банка Ален ГринспенФотографија: AP

Така, има многу набљудувачи кои сметаат дека тероризмот ги чини западните индустриски нации повеќе десетици, ако не и стотици милијарди евра, и тоа секоја одделна влада. Причинител и предизвикувач на ваквата огромна експлозија на трошоците, според овие набљудувачи, е нападот врз кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, изведен по наредба на Осама бин Ладен.

Од 11 септември до глобалната финансиска криза

Тогаш емисионите банки во западните земји, во усогласена акција, наголемо вбризгуваа свежи пари на пазарите за да се задржи ликвидноста и да се избегне глобална рецесија. Особено ревносно и дарежливо банките со пари ги снабдуваше тогашниот прв човек на американската емисиона банка, т.н. Федерални резерви, Алан Гринспен. И бидејќи тоа толку добро функционираше, тој го отвори „кесето“ , се’ додека банките не знаеја повеќе каде со парите, па дојдоа на идејата на Американците со мали примања да им овозможат преку хипотекарни кредити да си купат сопствени куќи.

NO FLASH Börsenkurs fällt
Финансиската криза како посредна последица на тероротФотографија: AP

Последиците се познати. Најнапред хипотекарна и криза на пазарот на недвижности во САД, потоа глобална финансиска криза, која поттикна глобална рецесија. За борбата против оваа криза западните влади мораа да употребат невидени износи пари за спас на банките и за поттикнување на стопанството, што спокојно може да се означат како посредни трошоци од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Наспроти тоа, директните трошоци од нападот во кој загинаа 3000 луѓ , кои според проценките изнесуваат 60 милијарди долари, споредбено се далеку помали.

Трошоците се непресметливи

Другите трошоци се очиглени, можат да се собираат, па сепак се добиват само приближни вредности. САД, на пример, од 2001 година наваму секоја година ги зголемуваат своите издатоци за внатрешна безбедност за 46 до 76 милијарди долари, аеродромите ги заострија своите безбедносни контроли, во пристаништата се скенираасекој контејнер. Сето тоа предизвикува повисоки трошоци за авионските и бродските превозници и фирмите за транспорт, значително ја забавува размената на стока во светската трговија - овие трошоци речиси и да не можат да се квантифицираат.

Körperscanner
Скенерите за телото на аеродромите полека стануваат секојдневиеФотографија: AP

Згора на тоа, трошоците за едни се добивки за други. Така, приватните компании за осигурување доживуваат невиден бум, слично како и производителите на скенери за аеродромите и пристаништата. Билансот секогаш има две страни. Така и штетите што тероризмот му ги причинува на едно стопанство мора диференцирано да се набљудуваат. Затоа што секоја штета која ќе биде поправена, влегува во пресметката на брутодомашниот производ за наредниот период , што значи дека го зголемува остварувањето на економијата и на држават и носи нови приходи од даноци.

Автор: Ролф Венкел / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска