1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку единство, а колку различност ѝ треба на Европа?

17 август 2019

На ЕУ ѝ е потребно единство таму каде што тоа го бараат соодветните ограничувања како што е заедничката валута – но потребен е поголем респект за различноста на националните држави и нивното значење за демократијата.

https://p.dw.com/p/3O0w4
Boris Kalnoky Kommentarbild App PROVISORISCH
Фотографија: Privat

Имаше едно време во кое кога стануваше збор за Европа повеќе се поставуваа технички прашања. Планини од путер и млечните езера настанати преку аграрните субвенции од Брисел, треба да се намалат благодарение на други субвенции за непроизводители на путер. Кој може ова да го разбере? И не мора. Со тоа нека се занимаваат технократите. Но, тоа се смени откако Европа воведе заеднички граници и заедничка валута. Сега сѐ има политичка конотација, а тонот е сѐ поотровен.

Бидејќи парите и границите се она што всушност ја прави една земја- држава. Едвај некој да ја сфати тогаш оваа револуционерна последица. Транснационална структура ги презема функциите кои дотогаш беа основата на една национална држава. За нив како перспектива остана улога на речиси провинцијална администрација во рамките на многу поголема политичка структура.

Бидејќи ова не било тематизирано пред да се донесе одлуката, изостанала и јавна дебата поради што граѓаните тоа не ни можеа да го сварат. Дури подоцна малку по малку сфатија: Упс, нешто сериозно се смени овде.

Сѐ помал простор за самоопределување

Граѓаните сѐ уште ги бираат своите влади, но овие влади – а со тоа и гласачите – имаат сѐ помал простор да ја одредат својата судбина како и самото општество. Сѐ повеќе луѓе сметаат дека ЕУ значи помала можност за самоопределување.

Најголемите шок-моменти од ова сознание се прецизно датирани. Евро-кризата од 2009 покажа дека Грците немаа право на друг избор за излез од агонијата од оној кој им го наметна ЕУ. Бегалската криза од 2015 година покажа дека општествата кои не сакаат да прифатат мигранти, посилните во ЕУ може да ги принудат на тоа со „мнозинство гласови" – преку задолжителна квота за прераспределба на бегалци.

Овој обид за практикување на транснационална моќ против волјата на националните парламенти и нивните гласачи беше будење за оние кои патот на нивните земји во иднина сакаат да си го трасираат сами.

Истокот ја познава слободата од пред 30 години

Тоа сме пред се ние воисточниот дел на Европа. Ние од пред историски кратко време почнавме да уживаме во слободата како општество со оглед на тоа што пред 30 години се ослободивме од јаремот на транснационалната структура „Источен блок". Не сакаме повторно да се откажеме од оваа слобода на самоопределување.

Отпорот на Унгарија и другите земји од регионот ги покажа границите на „интеграција“: Европа се уште не е вистински „Унија“. Бегалската квота пропадна. Колкаво транснационално единство, колку национална слобода ѝ треба на ЕУ за да не се распадне, а сепак да им даде доволно слобода на општествата?

Други колумни од авторот: 

Секој Орбан има свој олигарх

15 години од ЕУ-проширувањето: Источна Европа ја научи својата лекција

Моја Европа: Две души во источноевропските гради

Постојат ограничувања кои се врзуваат со единство бидејќи во спротивно работите не би функционирале. Еврото – оној кој го има воведено повеќе не може да води сопствена монетарна политика. Вклученоста во овој процес бара зрелост – во спротивно последиците може да бидат експлозивни. Тоа истото важи и за заедничките надворешни граници. Оној кој не разбира дека неодговорна буџетска политика или слаба контрола на границите е опасна и може да ја потресе не само сопствена земја, туку цела ЕУ, тој мора тоа да го научи или да ги напушти еврозоната и Шенген.

Поголема почит од Брисел за Истокот

Во меѓувреме е јасно дека овој процес на учење сѐ уште не е завршен. Логичниот заклучок гласи: ЕУ не треба да презема уште повеќе суштински функции од националните држави без претходно во јавноста и општеството да се разјаснат последиците од тоа. Заедничко осигурување за невработеноста, европска минимална плата, европски даноци, европска армија со заклетва за верност под синото знаме, мнозински решенија во кои коалициите на посилните држави може да ги потиснат послабите – без општествена прифатеност од можните негативни ефекти за поедини држави ваквите радикални чекори може да предизвикаат политички експлозии. Тоа може да резултира во  ослабување наместо зајакнување на Европа.

Мотото на ЕУ гласи „Единство во различностите". Во политичката рововска битка честопати се заборава дека под „различност“ се подразбираат националните држави. Поими како „национално“ или „национална држава", понекогаш од предводниците за поинтегрирана Европа се користат во циничен контекст. Тонот во Брисел мора да содржи поголема почит кон разновидноста на националните држави. Национална држава е рамката во која демократијата функционира најдобро. ЕУ која историски се поврзува со просперитет, исто така започна како економска унија. Постојаното повторување дека ЕУ се залага за солидарност и демократија, а националните држави за национализам е идеолошка глупост. ЕУ е заеднички пазар, на кој демократските земји членки според заеднички утврдени правила ги застапуваат своите интереси и влегуваат во политички дилови и компромиси.

Но, сите се борат за своите националните интереси и тоа жестоко. И тоа е добро. Бидејќи се работи за интересите на гласачите и граѓаните. Тоа е демократија.