1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку постар, толку подобро

Карин Рајс / Александар Методијев21 јули 2012

Староста за голем број луѓе значи седење пред телевизор и бескрајни разговори за болести. Но, во староста треба да се остане подвижен, не само физички, туку и ментално. Дел од старите луѓе тоа го прават извонредно!

https://p.dw.com/p/15YaM
Фотографија: Fotolia/Robert Kneschke

Кристијан Јенш има 63 години. Пред две години се откажал од стресната работа како банкар. Тогаш започнал со часови по саксофон кај Фриц Клаузер, кој сега има 90 години.

Фриц Клаусер, професор по саксофон, не заобиколува во односот со ученикот:

„Ова беше за никаде“.

Symbolbild Rente/Renteneintrittsalter in der EU
Староста не смее да значи само седење и жалењеФотографија: picture-alliance/dpa

Кристијан Јенш, признава дека згрешил во свирењето и додава:

„Кога заминав во предвремена пензија, сакав да побарам нешто друго. И, тогаш прочитав извонреден извештај дека е многу значајно во втората животна половина да се биде ангажиран во нешто“.

Фриц Клаузер има свирено во многу големи оркестри во Берлин. Денес 90-годишникот свири во бенд на пензионери:

„Не можам да седам сам дома, како што прават старите луѓе, кои се интересираат само за телевизија и јадење и што има вечерва на телевизија и такви работи. Добро и тоа е се’, но тоа за мене не е се’“.

Маргот Гринер е во средните 70-ти. На курс за самоодбрана таа учи како да се одбрани од напаѓачи. Таа вели:

Ältere Frau mit Gitarre
Никогаш не е доцна да се почне со учењеФотографија: Fotolia/Herby

„Работ од дланката ми е многу силен и кога ќе го удрам ќе нема веќе врат“.

Дамите, учеснички на еден курс по степ танцување, веќе биле пензионерки кога започнале со часовите. Тина Паеш има 75 години:

„Добро, ние сите со сигурност имаме некои болки. Но, одиме натаму. Кога се танцува тие исчезнуваат“.

Berlin Gesundheitssport für Senioren
Спортот и на стари години е многу важенФотографија: Picture-Alliance/dpa

Значајно во староста е не само физички, туку и ментално да се остане подвижен. На универзитетите се зголеми бројот на студентите во поодминати години. 84-годишната Урсула Шустер студира во Берлин и на сопствена иницијатива посетува предавања по Стара историја:

„Јас тука навистина се чувствувам како дома. Професорите ме поздравуваат, студентите ме поздравуваат. Значи, јас тука припаѓам“, вели таа.

Стари, а млади...