1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Компромис за банкарскиот надзор

АТ/ Зидојче цајтунг/ дапд/ ртр12 декември 2012

Се наѕираат контурите за формирање на европски надзорен орган за банките. Кратко пред вонредната средба на европските министри за финансии, Германија и Франција, според медиумски извештаи, се спогодиле на компромис.

https://p.dw.com/p/170QV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Разликите меѓу Франција и Германија засега се надминати: преговарачи на двете земји, според медиумски информации, постигнале спогодба за планираниот надзор на банките под покровителство на Европската централна банка. Според тоа Европската централна банка би требало директно да врши надзор врз сите системско-релеванти и банки поддржувани од државата, информира весникот „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на извори од дипломати. Останатите банки би требало и натаму да бидат контрoлирани од нациoналните надзорни органи. ЕЦБ сепак би требало да го задржи правото, да им додели налози на националните контролни органи и во конкретни случаи да преземе надзор врз било која банка.

Меѓутоа се’ уште не е сигурно дека ќе биде донесено решение за централен надзор на ниво на министрите за финансии, бидејќи пред се’ Велика Британија, Шведска и Чешка сакаат да се изборат за дополнителни права.

Тешко постигната спогодба

Шефовите на држави или влади на 17-те земји на еврозоната на крајот на јуни постигнаа согласност да воспостават заедничко надзорно тело за банките на монетарната унија. Тоа би требало да биде првиот чекор кон банкарска унија, долгорочно надополнета со два европски фонда преку кои би се вршела ликвидација на финансиски слабите банки и осигурување на заштедите. Меѓутоа пред се’ разликите меѓу Германија и Франција спречија да биде постигната спогодба на состанокот на ресорните министри минатата недела. Франција имено се залага за што е можно поскоро формирање на надзорното тело за банките, кое треба да ги има во визирот сите кредитни институти во Европа, Германија бара само големите банки да подлежат на заеднички надзор.

Заедничкиот надзор за банките има централна улога во борбата против должничката криза. Дури кога ќе биде формирано ова тело, европскиот спасувачки чадор ЕСМ ќе може да пружи директна помош за банките.