1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кондолиза Рајс задоволна од разговорите во Ерусалим и Рамалах

20 јуни 2005

Повлекувањето на Израел од Појасот Газа е историски чекор што може да го заживее повторно мировниот процес и да го отвори патот за создавање држава на Палестинците. Затоа Израелците и Палестинците мораат да соработуваат при повлекувањето на еврејските населби од Појасот Газа, порача американскиот Министер за надворешни работи Кондолиза Рајс по средбата со израелскиот премиер Ариел Шарон во Ерусалим.

https://p.dw.com/p/AcEb
Кондолиза Рајс и заменик премиерот на Израел Шимон Перес
Кондолиза Рајс и заменик премиерот на Израел Шимон ПересФотографија: AP

САД се подготвени да сторат се за успешното спроведување на претстојното повлекување на Израел од Појасот Газа, изјави суверено шефицата на американската дипломатија:

„САД не можат да обезбедат самото повлекување на функционира, тоа можат да го сторат само Израелците и Палестинците. Она што можат да го сторат САД заедно со меѓународната заедница, тоа е да понудат помош и да посочат дека се наоѓаме пред многу важни месеци.„

При разговорите со израелското раководство во Ерусалим и со палестинското во Рамалах, Кондолиза Рајс стекнала впечаток дека обете страни имаат политичка волја да сторат се за мирно и непроблематично повлекување на 21-на еврејска населба од Газа и четири од Западниот брег на реката Јордан.

„Видов многу анажирани луѓе, кои ги подготвуваат сите нужни планови. Оние кои се задолжени со планирањето работат многу повеќе отколку што можеме да си замислиме, тие прават навистина се што е во нивна моќ.„

Двете страни се обврзаа да изработат и „мастер-план„ за предавање на територијата, стамбените и стопански објекти од страна на Израелците во рацете на Палестинците. Околу 1200-те куќи на еврејските доселеници при тоа ќе бидат разурнати за да се ослободи повеќе простор за изградба нови објекти што повеќе им одговараат на потребите на палестинското население во пренаселениот Појас Газа. Таму, имено, на мал простор се стиснати преку 1,3 милиони Палестинци. Кондолиза Рајс порача дека е подготвена да побара финансиска и друга поддршка во таа насока при посетата на другите арапски земји во рамките на нејзината блиско источна турнеја, како и на самитот на Групата Г-8 во Шкотска.

Успешното повлекување ќе ја зголеми безбедноста на Израелците и ќе помогне во создавањето поголема доверба меѓу двата народа – оцени Рајс. Тоа пак може да го отвори патот кон создавање две независни држави, што е и зацртано во т.н. роуд меп на Меѓународниот квартет за Блискиот исток. Слична перспектива гледа и израелскиот пермиер Ариел Шарон, но под услов Палестинците успешно да му се спротистават на теророт, да го соберат сето оружје, да ја спречат пропагандата против Израел и да ги спроведат неопходните реформи. Со тоа се сложува и Кондолиза Рајс, но го предупредува истовремено Израел да не провоцира со натамошно проширување на еврејските населби на вториот, територијално поголем дел од палестинските автономни подрачја, Западниот брег на реката Јордан. Противењето на САД на доселеничката политика на Израел уште од почетокот на окупацијата на Западниот брег не ја спречи еврејската држава да насели вкупно 250.000 лица во палестинските автонимни подрачја.