1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кондолиза Рајс, нов американски државен секретар

17 ноември 2004

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера ја назначи Рајс на новата функција, откако пред два дена Колин Пауел поднесе оставка:

https://p.dw.com/p/AcJg
Џорџ Буш, ја објавува номинацијата на Кондолиза Рајс
Џорџ Буш, ја објавува номинацијата на Кондолиза РајсФотографија: AP

“ Ја именувам др. Кондолиза Рајс за нов министер за надворешни работи на САД“

Со овие зборови претседателот на САД Џорџ Буш, како што се најавуваше, ја назначи досегашната советничка за национална безбедност за шеф на американската дипломатија, само по два дена откако Белата Куќа објави дека Колин Пауел се повлекува од оваа функција:

“ Ви благодарам господине претседателе. Ми беше чест и привилегија да работам со вас изминативе четири години, во време на кризи, одлуки и предизвици за нашата нација. Под ваше водство Америка се бори и ја добива војната против теророт. Вие водевте голема коалиција која ослободи милиони луѓе од тиранијата, коалиција која сега им помага на Ирак и Авганистан во изградба на демократијата во срцето на муслиманскиот свет, беа зборовите на благодарност на новиот американски државен секретар Кондолиза Рајс, која искажа епитети за работењето на досегашниот министер за надворешни работи на САД:

“ Колин Пауел беше голем и инспиративен државен секретар. Тој е еден од најдобрите јавни службеници од нашата нација. Ми беше задоволство да работам со него, ќе ми недостасува“ рече Рајс

Џорџ Буш изрази задоволство што неговиот четиригодишен соработник со големо искуство, ја прифати новата функција:

“Јас сум почестен што таа се согласи да работи во мојот кабинет. Државниот секретар на САД настапува пред целиот свет. А во др. Рајс светот ќе ја препознае пристојноста и љубезноста на нашата држава“

Кондолиза Рајс, според претседателот Буш, ќе го превземе кабинетот во критичен период за државата:

“Ние сме нација во војна, водиме голема коалиција против определен непријател. Соочувањето со овие цели бара мудро и способно водство во Стејт Департментот, и Кондолиза Рајс е вистинската личност за тој предизвик“

Џорџ Буш, на местото советник за национална безбедност го именуваше досегашниот заменик на Кондолиза Рајс, Стивен Хедли.

Колин Пауел, е првиот висок преставник на амертиканската јавна администрација кој се повлече од функцијата по реизборот на Буш за претседател. Покрај оставката на Пауел, Белата Куќа објави оставки уште на тројца министри од кабинетот.